Facebook објава од Приказни од булеварот за нелегалната градба кај Мавровка

Вчера нашето внимание го задржа една објава за која сите имаат прашања, но никој од надлежните во Република Македонија не се ни потруди да даде одговор, ниту пак да преземе нешто затоа што во прашање е најверојатно нешто големо.

Ви го пренесуваме во целост.

Објавата на Facebook

Приказни од булеварот

16.08.2020

Ја мислам дека ова не треба да се руши.
Треба да го напраиме споменик во чест на македонската корупција, во име на мртвите институции , во име на сите деспоти кои мама и расплакаа на земјава.
Ова е споменик на партиска држава. Во име на НЕ ЗНАМ КОЈ СЕ ОНИЕ РАБОТНИЦИ КОИ РАБОТАТ НА ЗГРАДАВА НИТ ПА КОЈ ГИ ПЛАЌА… На држава која е тоа само на хартија. Ова е споменик на неказнивоста. Споменик на НИЕ НЕ СМЕ НАДЛЕЖНИ за ова…..Вие инспекции. Од градежни, трудови….Не ви е срам? Имате работници кои работат на див објект. Ни еден не е запишан. Ни е еден не е проверен да се види од каде добива прилив на трансакциска! Или зема пари на рака??? Истрагата е во тек….Хехех…Никад не била!
На спомен плочата да стои :Ова се градеше во центарот на градот и уште не знаеме кој го гради. Во земјата на тендерите никој не се пријавил на тендер за рушење на овој објект. Ова е дивоградбата која сите институции во оваа земја ги направи дивоградби!
И доле допишете: А ти глуп народе, плаќај даноци. Плаќај судови. Плаќај пенали ако дворчето ти фатило 1 метар на криво. Нека те рушат ако си направил летно терасиче со 3 маси пред локал.Ако си отишол 20 см погоре …во заграда за крај ( Како гласно бетон збори, колку сме крахирани и мртви….оваа зграда збори повеќе од сите живи во оваа вукојебина…)


Извор: https://www.facebook.com/PrikazniOdBulevarot/posts/3461629687188896


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 + = 31