Чудна е македонската интелигенција

Македонија
Гоце Делчев

Еве што на времето мислеле, пишувале и како се однесувале споулавените Бугари и бугаромани кон македонскиот апостол на слободата Гоце Делчев, за денеска официјална Бугарија да се обидува да го присвои:

„Чудна е македонската интелигенција по својата дејност, по својата енергија, по својата упорност. Во историјата ретко може да се најде пример каков што претставува македонската интелигенција, која само што излезе од пелените на своето бебештво, поставена во најлоши услови, пројави животна способност и особини на какви што бевме сведоци во епохата на просветното движење и подоцна во времето на револуционерното движење. За жал, оваа чудесна интелигенција не беше во состојба од своите пазуви да роди водачи со широки погледи, со свој умствен поглед, со своја просторна мисла, да застанат на чело на македонската фаланга, и да ја водат по патот на сигурниот успех. Малиот број поединци што беа собрале сили да се издигнат како водачи беа отерани во затворите, така што во квечерината на моментите кога требаше да се даде полн развој на револуционерното движење македонската интелигенција беше без вистински предводници. По еден стек на околностите, кои не е потребно овде да ги третираме, на чело на револуционерното движење се најдоа луѓе кои не располагаат со потребниот морален и умствен полет нужен за едно такво умно дело. Делчев беше најјаркиот тип од тие водачи кои со својата заслепеност и умствена сиромаштија си вообразуваа дека нивните плеќи се доволни да ја изнесат слободата на Македонија. Неговиот повик – додека моето рамо ја крепи пушката, Македонија нема да биде достапна за бугарски офицер – многу јасно го карактеризира и како човек и како водач.“

Оригиналот е од весникот на „Врховистите“:
„Реформи“, Софија, Год. 7, бр. 28, (Издаден на 25 јуни 1905 г.), стр. 1.
Цитирано според:
Христо Андонов-Полјански, уредник „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том 1, Скопје, 1981, стр. 481.


Гоце Панговски
https://www.facebook.com/1492956396/posts/10220453036144612/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + 7 =