Учителка

Се сеќавате ли на вашата прва учителка? Онаа која ве прими првиот училишен ден и со мајчинска грижа беше секогаш тука да помогне и да советува. Се сетивте­? А, на наставничката, а на професорката од средно?

Поентата на прашањата е да се потсетиме сите на едно друго безгрижно време, во кое се почитуваа правила, закони и вредности. Како изминуваат годините вредностите опаѓаат а правилата и законите не само што не се почитуваат, туку и безобразно се кршат. А почит, за почит можеме само да се потсетиме како изгледаше, да се почитува и да те почитуваат.

Поимот професор, наставник, учител сам по себе заслужува наклон и почит. Тие се луѓето кои се вложуваат максимално да ги описменат, воспитаат, научат на вистински вредности нашите најмали. Но, за жал професијата наставник ја нема одамна таа вредност и не се почитува воопшто.

Образованието е на најдолната и најбедната скала во нашето општество. Наместо да се вложува во иднината на поколенијата, се уништува и тоа малку достоинство кое останало во наставниците кои секојдневно изнаоѓаат начини и идеи како да го описменат денешното дете. А пак денешното дете, водено од модерните родители не знае за почит. Научено е дека сé што сака ќе добие, бунтовно е и нервозно и поддржано од родителите со модерни сфаќања.

Наставниците освен што не се почитувани од учениците и родителите, одземени им се сите права и поволности, законите постојано ги менуваат и наложуваат дополнителни обврски со кои ја затрпуваат слободата и креативноста на наставникот со листови хартија, кои задолжително мора да ги пополни

Уништувањето на една нација почнува од образованието односно со полнење на празните глави со непотребни информации, креирање нервозни ситуации, вештачки слики за како треба.

Со уништувањето на образованието се уништуваат темелите, основата на една нација. Наместо да ги учиме најмладите на почит, вредности, историја, култура, воспитание и достоинствено однесување, оставивме да ги срушат темелите.


Благодарност до педагогот кој отворено говори за проблемите во образованието

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

70 + = 76