
Билјана Антоска Стојанов
Магистер по медицинска администрација и бизнис мениџмент во маркетинг и рекламна стратегија. Долгогодишен активист во Мелбурн, Австралија и борец за правата на Македонците во Австралија.
Почитувани европски институции, дали во таканаречените „слободни медиуми„ во Македонија е нормално да се сатанизираат сите кои се со различно мислење од невладината организација Цивил Медиа или Цивил Мобилитас. Прашуваме бидејќи на нивната веб страна имаат наведено дека се помогнати и од европски фондови.
Еве ме пак со мојата втора “студија” (како милуваат да ги наречат моите текстови иако ова е нивни циничен пристап можеби поради што до сега никогаш немало никој кој објавил нешто за нив во таков контекст) за Цивил Медиа за нивните финансиски спонзори.
Првиот спонзор на нивниот веб сајт е Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH или GIZ, или на англиски German Corporation for International Cooperation GmbH, или на македонски Германска Корпорација за Меѓународна Соработка.
ГИЗ е формирана на 1ви Јануари 2011 година од страна на германската влада во време на владеење на Канцеларката Меркел чии ставови во однос на Македонија и Македонците нам македонците ни се многу познати и јасни. Оваа агенција располага со 2.4 милјарди евра и има влијание во 120 земји меѓу кои северџанистан никаде не егзистира. Нивното влијание опфаќа спектрум на сектори од државен до граѓански. ГИЗ нема претставништво во северџанистан освен можеби USAID преку кои испумпува пари и го поддржува граѓанскиот сектор преку НВО организациите.
Господа од Цивил Медиа како и на која основа, во кој сектор од нивниот домет на работа финансиски ве поддржуваат ГИЗ? Мислам толку им должите на жителите на Македонија па и северџан да знаат штом толку се трудите везден исто како Заев да докажете дека сте транспарентни.
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Deutsche_Gesellschaft_f%C3%BCr_Internationale_Zusammenarbeit
Втори на листата на спонзори се National Endowment for Democracy (NED), или на македонски Национален Фонд за Демократија. Оваа агенција е двопартиски поддржана, не профитна со цел промовирање демократија низ светот и е финансирана преку Конгресот во Америка во форма на грантови преку Амерканката Агенција за Информации или на англиски United States Information Agency (USIA). NED е приватна корпорација и работи како дувло за собирање грантови. Поддржува и поседува агенции од сверата на истражувањето, информации и медиуми и меѓународно демократско движење. Со други зборови промовира демократија во земјите низ целиот свет.
Во 1982 год во Палатата на Вестминстер во Британија Реган во неговиот говор предложил да се формира агенција која ќе има влијание во ширење на демократијата во сверата на медиумите, синдикатот, политичките партии и универзитетите. И така во 1983 се родила оваа приватна корпорација. Од 1984 год претседател е Карл Гершман социјал-демократ.
Во 2004 Брендан И. Коернер (Brendon I. Koerner) во магазинот Slate ќе напиши: “Во зависност од кого ќе го прашате NED е или шампион во либерализам или идеолошки водена организација која се меша во светските општествени уредувања”.
Во 1991 год тогашниот претседател Алан Веинстеин во едно интервју изјавил: ” Ова што го правиме денес беше тајно направено од ЦИА пред 25 години”.
Во NED уште од почетокот имало судири на интереси и идеи помеѓу републиканците и демократите во врска со работењето и независноста на оваа приватна корпорација.
Во 2015 година Русија, Владимир Путин ја прогласи оваа организација за “непотребна” и ја забрани во Русија.
Во 2019 Кина ја санкционира NED со образложение мешање на Американскиот Конгрес преку донесување на Актот за Човекови Права во Хонг Конг обвинувајќи дека ЦИА стои позади протестите а NED го користи само како фронтална завеса.
Венецуела и Египет исто така го имаат забрането дејствувањето на NED во своите земји.
После овие информации многу е јасно како е директното влијание на социјал-демократите во Македонија и како се испумпуваат пари преку невладиниот сектор за спроведување наводна “демократија”. На тоа каква демократија се спроведува сите сме сведоци. Народот македонски бара од Цивил Медиа да даде детален извештај како финансиски ги спонзорира оваа корпорација и за што и како се искористени средствата.
Трети спонзори на листата се Civika Mobilitas. Оваа организација е сопствеништво на Цивил Медиа. Која е потребата господа за сестра близначка организација во рамките на една организација? Распоредување на средства и прикривање данок? Полесна малверзација за прикривање данок? Затскривање на изворот на средствата низ системот на управување две организации?
И четвртиот спонзор на листата е Фондацијата Хајнфих Бул, или на англиски Heinrich Böll Foundation, на германски Heinrich-Böll-Stiftung. Оваа организација е наводно независна но во соработка со Зелената Политичка Партија во Германија. Нејзиното првенствено дејствување е во сверата на екологијата па и човековите права и демократијата, правото на самоопределување и правда. Нивниот акцент е на родова еднаквост (подеднакво еманципирање на жените и мажите, педерите, лезбејките и ЛГБТИ заедницата, се извинувам за користењето на зборовите педер и лезбејка но во македонскиот речник нема други зборови, се друго е англицизам), еднаквост и права на на различните култури и малцинските етникуми и социјална и политичка партиципација на мигранти.
Бул во едно негово излагање рекол “Мешањето (meddling) е единствен начин да се стане релевантен фактор”. Навистина?
Македонскиот народ ги повикуваат господата од Цивил Медиа или Цивил Мобилитас да дадат образложение на кој начин оваа агенција ги спонзорира и за што и како се користат нивните фондови.
Морам да потенцирам колку за информација на пошироките народни маси дека сите овие спонзори се глобалистички и либерални кои директно или индиректно се бореа за промена на името и идентитетот на Македонија и македонскиот народ односно тотален геноцид.
Според овие иформации не е ни чудно што оваа организација од невладиниот граѓански сектор има толку големо влијание во политиките во Македонија и во креирање на јавното мислење. Ако земиме во предвид дека државата нема закон кој би го контролирал дотурот на финансиски фондови во невладиниот граѓански сектор ќе заклучиме зошто Цивил се однесува како распашан газда во Македонија и прави хајка на неистомисленици и сака да воведе цензура врз слободниот говор и мисловен процес.
Господа имате многу да одговорите. Овие одговори не ми ги должите мене туку на македонскиот народ.
И после овој текст можете да продолжите слободно да ме следите, да ме цензурирате буквално што сакате да правите. Ние Македонците нема да престанеме во борбата за правда за Македонија и македонскиот народ. Борбата продолжува до конечна правда која може иди полека но ќе дојди, бидете сигурни во тоа.
И за крај Македонскиот народ вклучувајќи ме и мене ви се заблагодарува од напред за вашиот детален и транспарентен извештај кој се надевам ќе го видиме за многу брзо време.
Извор: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3573491879345238&set=pcb.3573498332677926&type=3&theater