Создавање на Македонската држава

Со Уставот на идното државно уредување од 1880 година, Македонија е автономна држава во рамките на Отоманската империја, со кој државниот суверенитет го статуира под врховниот суверенитет на турскиот султан. Ваквиот приод на државниот суверенитет е условен од определбата на Македонската лига да го зачува територијалниот и етничкиот интегритет на Македонската држава. Ограничениот државен суверенитет бил тактички потег во остварување на стратешка цел на Македонското движење-“Создавање на Македонска држава во територијалните граници на Македонскиот етнос”. Во 21 век секој може да даде свое мислење, да ја возвишува или да ја негира Македонската нација, меѓутоа фактите говорат дека Македонскиот народ постоел и ќе постои како засебен народ со посебна култура, јазик и традиција. На сите оние денешни научници во соседните земји посебно оние од БАНУ топло ги препорачувам убаво да ја проучат историјата, па и доколку е потребно нека посетат и некој од Турските архиви кои јасно и недвосмислено го потврдуваат горенаведеното. Секој интелектуалец пред да го искаже својот став треба да е поткован со факти и докази, а не желби, намери и интерес, тука е величината на човечкиот ум!


Благодарност до АнаБезМана

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

52 − = 44