Владата на Зоран Заев и неговата министерка Рената Десковска која предновогодишно си подаваше метли со претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, политички измислија комисија на чело со судијата Нанев од Кавадарци, кој сега веќе облечен во претседателско руво, шефува со кавадаречкиот суд. На 5 октомври 2017 година двоецот на СДСМ Нанев и Катица Јанева извршија упад во Кривичниот суд со образложение дека постојат сомневања за злоупотреби на Акмис системот. Истиот ден Катица Јанева и СЈО божем случајно извршија упад не само во Кривичниот суд туку и во домот на судијата Владимир Панчевски одземајќи телефони лап топ таблети итн… во текот на следните денови од врвот на СДСМ веднаш се огласи госпоѓата Радмила Шекеринска со изјава во медиумите дека Панчевски дома поседувал ГЛУМЕН АКМИС со кој распределувал предмети.
Од овие нарачани претреси и упади се роди обвинението за АКМИС системот но не од СЈО туку од Основното обвинителство Скопје, тврдат Панчевски ја злоупотребил службената положба, штета нема, односно штетата за обвинителството била повреда на правата на граѓаните но не на обичните граѓани туку на оние на кои за криминал им судел Кривичниот суд додека Панчевски бил претседател на тој суд и тоа за предмети по обвиненија на Јавното обвинителство!

Замислете ситуација… Обвинителството години наназад покренувало обвиненија против криминалци, судии им суделе по предметите во сите судски инстанци Кривичен суд, Апелација Скопје и Врховен се менувале и застапувале обвинители и судии, ама сега само Панчевски е виновен што предметите ги распоредил на избрани судии во судот, демек не е битно кој судел и како судел во предметите туку предметите требало да бидат доделени преку електронска програма АКМИС, а не преку АКМИС програмата Панчевски да ги дава на судиите и поради тоа повредени биле правата на обвинетите (читај криминалците) парадоксално но вистинито. Поради ова претседателот на Судскиот совет Киро Здравев засилен со членот Лорета Ѓоргиева истата сопруга на директорот на Комунално од Струмица кој на снимки на Ла Верита го слушнавме дека учествувал во поткупот на ромите во Струмица поведоа постапка и го разрешија Панчевски од судија ама за нешто што сторил како претседател иако двете позиции судија и претседател имаат различни обврски и одговорности, но политичката нарачка е нели најбитна! А да во разрешувањето на Панчевски учествувала и велешанката Лидија Каначковиќ на која веќе и бил истечен мандатот како член на Судскиот совет впрочем таа е и судијата која ја стартуваше оваа постапка за прогон и разрешување на Панчевски од судија!
Во голготата на Панчевски овие четири години е интересно дека во Кривичниот суд овие предмети секако би биле распоредени на 20 судии без оглед дали Панчевски или АКМИС-от ги распоредувал но тоа никој не го провери ниту некој провери дали АКМИС-от функционирал, дали распоредувањето било рендом или само на Кацарска???, Како што беше тоа со клучните политички предмети кои ги поведе СДСМ против своите противници, никој не провери дали имало реално причини за распоредувањето дали повисоките судови ги потврдиле одлуките на судиите и слично, туку Панчевски е виновен што на криминалците им се судело и тој знаел и сакал да бидат осудени криминалците и сакал да им направи штета така што предметите ќе ги даде да ги судат судии и точка. (Веројатно требало да ги судат водоинсталатери???) последен пример за силината на криминалците е јавната објава на Зоран Божиновски на преписката помеѓу Министерството за правда и Судскиот совет каде Киро Здравев претседател на судскиот совет многу лежерно си пушта дописи во кои тврди дека Панчевски распоредувал и правел злоупотреби иако постапката е сеуште неправосилна и по жалба пред Врховниот суд.

Ако се навратиме наназад од претресот на Јанева ни мало Г не излезе на виделина од “глумниот АКМИС” што го најавуваше Шекеринска по телевизиите со цел рушење на интегритетот и угледот на судијата Панчевски, а воедно и целосно преземање и контрола врз Кривичниот суд од страна на власта, Што подоцна го потврди и тогашниот премиер Зоран Заев сотос што се пофали дека “го отворил судството како пупка” или дека Врховен суд носи одлуки по принципот “трас трас”!
Бидејќи глумниот АКМИС систем не го пронајдоа. Нејасно останува какво значење имаше претресот во домот на Панчевски, освен ако не медиумска парада и орцнување на екс претседателот, вродување на страв за идно постапување на судиите од Кривичен, и отварање на патот на шефувањето на новиот претседател судијата Иван Џолев по татко по потекло од село Муртино кој последниве години има одлична соработка со власта, а богами и со рекетарското СЈО формирано заради точен таргет за гонење на граѓани кои се опасност по власта и кои би ги попречиле проектите на Власта како промена на името на државата, Тиранска платформа, Бугарски договор и многу албански желби и прашања.
Од голема далечина се гледа политичката нарачка на СДСМ против судијата Панчевски кој брутално со политички наместен предмет со резултатот на измислената комисија на Десковска, Здравев и Нанев, го разрешија од функцијата судија односно Киро Здравев ја зема метлата на Десковска и по политичка нарачка смете во дворот на Судскиот совет, додека резултатот од претресот на Катица никој не го виде, ниту некогаш се обелодени кој злоупотреби ги најде СЈО во неговиот кабинет и дом. Катица велеше Панчевски е за психијатриска опсервација, но таа лично пред некој ден се соблече по долен веш во Државниот завод за ревизија, тоа е таа ментална хигиена!
Трета година по ред не запира политичкиот прогон на Заев против неговите неистомисленици, а прогонот против Панчевски не е само со постапка за наводни злоупотреби со делење на предмети на судии, не на водоинсталатери, да се разбереме истите кои и ден денес судат и си се по мерка на власта, на Панчевски освен во судот во Велес и во Судскиот совет, му судеше и Антикорупциската комисија која мафташе со кривични против него за наводно вработувањето на негови внуци додека на големо се пишува за непотизмот на оваа Влада во сите институции, а истата Антикорупциска свесно замижуваше за сите тие случаи. Но ни од таа постапка не излезе ништо!
Зошто политички прогон против Панчевски?
Од самото основање на СЈО, тимот на сега веќе рекетарката Катица Јанева, доби огромна поддршка од шарените револционери, кои само што дојде Зоран Заев на власт делумно се сместија во фотелји, а претходно дивееја низ улиците на главниот град, се закануваа, вршеа напади и притисоци на своите колеги на работните места, од ова профитираа и многу новинарски пера бидејки без нив нема промоција на новиот поредок кој не донесе до дното. Љубовта на шарените се преточи во општо прифатена голема поддршка од народната маса која што беше добро обработена од крволочните медиуми на премиерот Зоран Заев кои заедно со шарената интелектуала ја дигнаа револуцијата која Македонија ја доведе кеајна декаденција проследено со губење на вековното име на државата, а со тоа и идентитетот на сите минати, сегашни и идни генерации.
Неписменоста на Катица Јанева, СЈО па и на Јавното обвинителство овие неколку години институционално беа ударната тупаница за сеење страв и терор против се што е македонско. Неспособноста и незнаењето ниското ниво на професионалност и политичката задача на Катица Јанева и сите останати од СЈО уште во 2016-та многу пати беше посочувана од страна на судијата Панчевски но тоа тешко проаѓаше кај јавноста бидејќи сите беа уверени во волјата на Јанева за враќање на правдата во земјава. Панчевски тврдо се спротивстави на неуставното и незаконското работење на рекетарката Јанева, која со докази од прислушувани материја стекнати на незаконски начин, и одбрани селективно токму од премиерот Заев (никогаш не излезе бомба ниту за еден припадник на СДСМ, ниту пак за припадник на ДУИ и цел албански политички табор), а самиот Заев се претставуваше како жртва на прислушкување, поднесуваше предлози за обвинија, беше и обвинител и судија, “јадеше живи луѓе”, семејства, судбини, така почна и хајката против Панчевски и политичкиот прогон врз него од СДСМ, следствено на тоа што рекетарката Катица Јанева им беше најголемото оружје на власта за пустошење на Македонија, затоа желбата на власта да го отстрани Панчевски од судскиот систем живее и се потхранува неколку години.
Според се погоре наведено очигледно е дека Заев и Шекеринска го гледаат Панчевски како противник по правилото не си со нас значи си против нас, а и не си послушен како судиите кои носат нарачани пресуди, љубат да судат и да носат огромни затворски казни за Македонскиот народ кој тие го претворија во терорист во сопствената држава, но за чудо овие судии и обвинители никаде не можат да го видат поткупот во снимката “едно евро за Вице, а едно за црквата”, досудуваат 4 години за кубење на коса, а за фрактура судат со опомена.
Желбата на Заев и Шекеринска да го отстранат Панчевски од судскиот систем ја спроведуваат преку министерката Рената Десковска и нејзините пулени Лазар Нанев унапреден во Претседател на судот во Кавадарци кој на контото на неговата невладина кешираше 7 милиони денари од државни фондови или Киро Здравев претседателот на Судскиот совет кој своето синче го вдоми во Академијата за судии и обвинители за да ја продолжи неговата лоза, Љубомир Јовевски односно Сашо Рајчев, шефот на скопското обвинителство, кои сите овие години изиграа главна улога во поддршка на политиките на СДСМ за справување со сите оние кои не им се поклониле како еден од нај опасните режими кој ја газел Македонија воопшто.
Сега на ред се Врховните судии, експресно унапредената Цветанка Периќ која за 5 години протрча од судија во Основен Кривичен до судија во Врховен сега е претседател на жалбениот совет кој треба конечно да му пресуди на Панчевски, член на тој совет е и судијата Огнен Ставрев кој едно време до Судскиот совет заедно со претседателот на Кривичен Џолев и уште 4-5 судии пуштаа претставки и јавно се жалеа против Панчевски веднаш по освојувањето на власта од страна на СДСМ, а кои експресно беа унапредени и наградени е такви судии се поставени да му пресудат на Панчевски во крајна инстанца во Врховниот суд. Од извори во Врховен суд судијата Цветанка Периќ рекла дека ова за нив е само формалност и дека колегите нема што да се замараат со читање на жалбата на Панчевски која иако е полна со повреди сторени од Судскиот совет, предметот требало да се потврди и Панчевски да биде разрешен бидејки таква била нарачката од Киро Здравев, Рената Десковска, Оливер Ристоски и Зоран Заев!
Тоа е нашето трас трас судство и Луј Витон обвинителство, за жал тоа е нашата реалност “неподобните ги заменија подобните” или уште понедобните кој знае, времето ќе покаже!
Преземено од Владимир Тодоровски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=767343930672831&id=100021916928489