Свидетелство на Македонец од Пиринот од учебната 1957-1958 г.: по народност МАКЕДОНЕЦ

Свидетелство на Македонец од Пиринот од учебната 1957-1958 г.
Свидетелство на Македонец од Пиринот од учебната 1957-1958 г. ПО НАРОДНОСТ: МАКЕДОНЕЦ

Евидентно е дека нашето постоење не треба воопшто да се анализира. Има мал милион артефакти, докази, записи кои говорат за тоа. Целта (особено на нашите соседи) е да создадат слика дека ние сме непостоечка нација за која најверојатно мислат дека нема колективна меморија ниту корени.

Ова е свидетелство издадено во соседна Бугарија (во Пиринска Македонија) од тогашното Министерство за просвета и култура за народното основно училиште „Васил Левски“ во Коларово, округот на Петрич.

Свидетелството за завршено основно образование е заведено под број 72 за учебната 1957-1958 година на име Петар Христов Мицков роден на 25.V.1944 година во селото Коларово кое е во околината на градот Петрич. Општиот успех и поведението му се одлични.

Сосема јасно и без никаква корекција е запишано дека по народност ученикот е МАКЕДОНЕЦ.

Зарем пред вистината не молчат и Боговите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

− 8 = 2