РЕЖИМОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ВО МАКЕДОНИЈА НЕОСНОВАНО ГО ОСУДИ СУДИЈАТА ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ КАКО ЗАКАНА КОН НАРОДОТ

На 15. август 2020 година, во политички нарачан и монтиран судски процес е осуден на три-и-пол-годишна казна затвор Владимир Панчевски — врвен правен експерт, судија и поранешен претседател на Кривичниот суд во Република Македонија — од страна на диктаторскиот режим на Зоран Заев. 
Панчевски стана мета за отстрел затоа што одбива да му се потчини на режимот, кој преку фингирани случаи во Кривичниот суд се пресметува со политичките противници и било какви други неистомисленици.


Судскиот процес против Панчевски и доделената затворска казна се сосема без правна основа, бидејќи (1) нема оштетени странки, (2) нeма барање за заштита на права на оштетени странки, (3) ниту пак се работи за остварување на било каков материјален интерес.  


Меѓутоа, пресудата против Панчевски има пошироко значење бидејќи таа е отворена закана до сите Македонци во поглед на тоа што може да им се случи доколку не ја прифатат насила наметнатaта диктатура во Македонија, инсталирана и јавно поддржана од страна на САД и ЕУ.


Амбасадата на САД, иако не ја следеше непосредно судската постапка против Панчевски, реагираше по неполни 12 часа од пресудата величејќи ја истата, и со најголемо лицемерие ја нарече важен чекор напред во справување со корупцијата и co тие што го поткопуваат правниот систем.


Откако САД и ЕУ во 2016. година насила го инсталираа Заев на власт преку тнр. „шарена револуција“, диктаторот брутално го суспендира владеењето на правото и го продаде името на македонскиот народ (и нација), неговииот идентитет, историја и црква, а државата ја опљачка.   


Инструиран од САД и ЕУ, режимот воведе паралелна правна институција –  Специјално Јавно Обвинителство (СЈО), коe под плаштот на борба против корупцијатa стана инструмент за пресметка со сите противници на режимот и инструмент за рекетирање.


Панчевски претходно беше идентификуван од режимот и од амбасадата на САД како некоруптивен судија што работи по предмети на организиран криминал во клучниот Кривичен суд, па следствено беше подложен на константен притисок и злоставување.


Режимот континуирано вршеше нелегални претреси во домот на Панчевски, спроведуваше инспекции и подметнувања во врска со неговиот имот и ги прегледуваше неговите сметки и сѐ oнa што потенцијално може да му го накалеми како прекршок. Со оглед на тоа што режимот не можеше да најде или да изнуди никаков криминал, реши да произведе криминал и на тој начин да го осуди Панчевски.
Прогонот на Панчевски започна на 5. октомври 2017 година, кога СЈО по налог на режимот незаконски изврши претрес во судскиот кабинет и во домот на Панчевски.  Меѓутоа, oд претресот до денес не произлезе ништо. 


Истиот ден, Комисијата за проверка на функционалноста на автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) — формирана по налог на режимскиот „Министер за правда“ Биљен Салији — влезе во Кривичниот суд и одзема документи и сегменти од базата на податоци. Со тој чин, извршната власт изврши директен упад во доменот на судската власт.


Врз основа на политички нарачаниот извештај на Комисијата, во јули 2019 во прогонот против Панчевски се вклучи и Основното Јавно Обвинителство Скопје (ОЈО), кое во скратена постапка покрена обвинение против Панчевски за наводна злоупотреба на службена положба во периодот 2013-2016 година.


Истовремено режимот продолжи дополнително да го тормози Панчевски преку покренување на други, излишни судски процеси, и дури ја ангажира Антикорупциската комисија да го обвини дека наводно вработил свои роднини на суд. Меѓутоа, до денес нема исход од ниту една постапка против него.


Режимот го терети Панчевски дека за одредени предмети не го користел  системот АКМИС — инаку воведен по препорака и како донација на УСАИД — туку „рачно“ и наводно тенденциозно ги делел предметите кои доаѓале од Обвинителството на судиите во судот и со тоа ги повредил правата на странките во постапките за еднаков пристап до правдата.  


Обвинението е наложено покрај фактот што во секоја постапка едната странка била Јавен обвинител, а другата обвинетото лице. Tоa се коси и со фактот дека секој претседател на суд има обврска предвидена со Судскиот деловник за работа на судиите да се грижи секој судија да добие подеднаков број на предмети.


Обвинението се однесува само на периодот од 2013 до 2016 година, иако Панчевски работел по предмети на организиран криминал од 2010 година сѐ додека е одјавен од судот во јули оваа година. Во целокупниот период, факт е дека предметите и пред Панчевски да стане претседател биле доделувани на судиите на начин идентичен во обинението против него. Праксата е таква со цел да може рамномерно и навремено да се распределуваат предметите подеднакво на сите судии.


Колку за илустрација дека се работи за политички нарачана одлука против Панчевски, „Министерката за одбрана“ Радмила Шеќеринска пред отпочнување на постапката на ОJO по предметот АКМИС даде интервју со цел да го оцрни Панчевски во јавноста, инсинуирајќи дека тој водел паралелен (двоен) АКМИС систем, што е ноторна лага.


Додека течеше судската постапка, Судскиот совет на Кривичниот суд под притисок на режимот незаконски го разреши Панчевски од позицијата судија на 25. декември 2019 година без воопшто да го сослуша и да ги заштити неговите права. Оваа одлука ја потврди Врховниот суд на 26. јуни 2020 ггодина.


Обврските, должностите и правата на претседател на суд се различни од обврските, должностите и правата на судија. Панчевски како судија е секогаш оценуван со највисоки оцени и не постои никаква повреда во вршењето на неговата судиска функција. Сепак, речено му е дека тој е разрешен од позицијата судија, но никој не му дал официјално известување за тоа. 
Диктаторот Заев тогаш одржа прес конференција за разрешувањето на Панчевски и тој правно и етички неоснован потег го нарече „судска реформа“.


На 10. јули 2020 година, судот му одреди мерка притвор на Панчевски, но мерката е изречена незаконски бидејќи ниту тој беше присутен ниту пак имаше адвокат да го претставува, нешто што е задолжително според законот. Кога Судијката Валентина Ѓорѓиевска во судот во Велес определувала притвор, не поставила бранител по службена должност. 


Tогаш Панчевски формално-правно сеуште беше судија во работен однос и имаше судски имунитет, а обвинителката Цветанка Богоевска од ОJO во Велес рече дека предложила притвор бидејќи слушнала од медиумите дека тој бил разрешен од позицијата судија.  


Судијката Ѓоргиевска притворот го определи веднаш на првото рочиште откако ѝ е доделен предметот – (1) без да ги изврши сите законски проверки за уредна достава (најмалку две достави), (2) без да побара проверка на негова достапност или (3) претходно да даде наредба за стражарно приведување како мерки за обезбедување присуство за судење. 


При тоа, режимот во јавноста создаваше лажна слика дека Панчевски девет месеци не се појавувал на рочишта пред судот во Велес, иако претходно овој предмет стоел цели шест месеци во Апелациониот суд во Скопје за одлука за надлежност (прашањето беше дали судот во Велес воопшто е надлежен да му суди на Панчевски бидејки тој е од Скопје, a се работи за суд од исто aпелационо подрачје).  
На 15-ти јули 2020 година, Основниот суд во Велес го притвори и експресно бргу го осуди Панчевски, а на 28-ми јули 2020 година Судскиот совет конечно го разреши и одјави од позицијата судија.
Обинението не само што е без основа, туку тоа за што e осудeн Панчевски не е забрането затоа што самиот АКМИС систем дозволува и предвидува „рачна“ распределба на судски предмети како системска можност.  


Во софтверот на АКМИС има опција за интервенција ако нешто „заглави“ да може да се интервенира. Впрочем самиот вештак, специјалист за таков софтвер, како и сведокот од фирмата ЕДУСОФТ која го одржува АКМИС системот, го потврдија тој факт во своите сведочења. Еден сведок дури и потврди дека се случувало АКМИС системот да доделува и по 7 предмети на еден ист судија последователно.
За овој проблем на АКМИС системот сведокот изјави дека бил информиран Врховниот суд, работното тело и компанијата што го одржува АКМИС системот.


Сведокот од ЕДУСОФТ потврди дека Панчевски не влијаел на одлуките бидејќи со годишниот распоред претходно имало одредено како и кој ќе ја врши прераспределбата на предметите, и дека отсекогаш било пракса така да се работи.


Впрочем, сведокот потврди дека ЕДУСОФТ го информирал судот и конкретно Панчевски дека во таквите случаи треба да се ползува АКМИС графата „Итен останати“ за да се избере судијата кој ќе постапува по даден предмет.


Друг сведок, системскиот администратор во судот, потврди дека дојдените предмети не можеле порано да бидат прераспределени и дадениот судија за прв пат дознавал кој предмет ќе го работи кога тој (администраторот) ќе го качел предметот кај судијата.
Доколку предметот бил заведен како „Итен“, се доделувал на судија кој што тогаш бил дежурен или бил доделуван од Шефот на писарницата каде најпрво се внесуваат сите податоци од предметот во АКМИС, што е точно предвидено со Судскиот деловник како процедура на работење со судските предмети во судовите во цела Македонија.


Друг сведок пак потврди дека апсолутно (1) сите предмети и (2) сите дејства биле уредно заведувани во АКМИС системот и Панчевски не влијаел тие да бидат прераспределени. 
Од даденото, од јасно-појано cе гледа дека нема никаква основа — правна, техничка или од аспект на дотогашна пракса — Панчевски кривично да биде гонет и осуден.   


Патем, целата база со соопштенија кои Панчевски ги издавал по наводната злоупотреба се ибришани од вебсајтот на судот по наредбa на СЈО. Сите докази за неговата работа ce во судот каде што тој немаше никаков пристап ниту додека му се судеше, ниту претходно, бидејки од јули 2019 тој е суспендиран и оддалечен од работното место.


Дури го нема повеќе ни извештајот за тоа каква била состојбата во судот кога Панчевски бил претседател, но не е земен во предвид од Обвинителството ниту од него лично доставениот извештајот во каква состојба му е предаден судот кога тој е избран за претседател во декември 2016 година, каде е констатирано од неговиот претходник претседател судијата Лидија Неделкова (сега судија во Врховниот суд) дека АКМИС-от покажувал проблеми и недоследности.


Судијката Валентина Ѓоргиевска е трет судија што е доделен во процесот против Панчевски бидејќи првите двајца судии се изземале во мај 2020 година, очигледно за да не учествуваат во наместен случај.  Колку да имате претстава за кого се работи:  Ѓорѓиевска претходно судела по предмети за стечај меѓу кои е и најголемиот македонски загубар Фени, а постои сомневање дека таа е послушник заради тоа што против неа режимот покренал кривични постапки кои се ставени во мирување.


Панчевски е еден од највисоко оценетите судии во Македонија, врвен професионалец и човек со беспрекорен интегритет. За Панчевски нема ниту еден тајно снимен разговор — од стотиците илјади снимки дадени на Заев од разузнувачките служби на САД и земјите членки на ЕУ за тој да може уценува — со кои што би бил компромитиран дека наводно бил близок со претходната влада и извршувал нејзини налози. Тој е сосема неправедно осуден на три-и-пол годишна казна затвор во политички монтиран процес.  


Ги повикувамне сите слободољубиви луѓе во Република Македонија и светот да го кренат својот глас против оваа травестија на правдата во режија на амбасадата на САД, а во изведба на диктаторскиот режим на Зоран Заев. 


Секој државјанин на Република Македонија треба да peaгира против ваквите гротесктни политички-мотивирани процеси кои имаат за цел да го уплашат македонскиот народ за да го држат во покорност. Напротив, неправдата од страна на наметнатиот тоталитарен режим во Македонија треба да е поттик за секој граѓанин што побргу да го отфрли истиот и да го однесе на ѓубриштето на историјата.  Режимот на Заев и така е однапред осуден на пропаст.


Извор: Anonymous


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

− 7 = 3