Во Република Македонија секому подеднакво му следи ПРАВИЧНО И ЈАВНО СУДЕЊЕ. На фотографијата долу ги гледате членовите 6 и 7 од Законот за судовите според кои ова право е загарантирано, како и правото судењето да е и пред НЕЗАВИСЕН и НЕПРИСТРАСЕН СУД. Распределбата на предметите без влијание е исто така нешто што му следи на секој граѓанин на Македонија.

На Владимир Панчевски ова право по членовите 6 и 7 од Законот за судови му беше ОДЗЕМЕНО.
Во најмала рака безобразно изреагира и Американската амбасада во Република Македонија со нејзиното соопштение – поздрав и поддршка за пресудата по неполни 24 часа откако во велешкиот суд судијата Валентина Ѓорѓиевска ја изрече казната затвор на 4 август 2020 година.
(Кликнете на фотографиите долу за да ги видите зголемени. Поврзани се директно со оригиналниот твит на амбасадата.)
Јавноста имаше многубројни реакции (доста од нив беа и бурни) и на изречената казна за Панчевски, но и на твитот за поддршка на истата од страна на Американската амбасада објавен по неполни 24 часа по пресудата. Погодувате: негативни. Незадоволството кај Македонците постојано расте.
Во име на Македонскиот народ и неговата правдољубивост, пренесуваме дел од реакциите во галеријата која следи (кликнете на секоја од фотографиите за да ја видите зголемена).
Од Редакцијата