Прауд чао, Корона чао, остана уште да ви кажеме ЗБОГУМ

Владимир Панчевски, Судија во Република Македонија

“Нешто незадолжително, но во отсуство на култура, се изнагледавме некултура”

Александар Митевски професионален музичар и Драган Спасов – Дац професионален актер, познати на Македонската јавност по своите професии но и по неколку “копи рајт” музички остварувања – Дуо, понекогаш и трио фантастикус со заеднички песни на кои благодарение на некои портали им беше подигната гледаноста, како на пример, „Уште ми фалиш“ (591,292 прегледи на YouTube), „Љуби ме“ (234,223 прегледи на YouTube), „Цреши Охридски“ (162,627 прегледи на YouTube) , „Еј гиди“ (54,590 прегледи на YouTube, ) „Моја серенада“ (69,757 прегледи на YouTube) и секако поентата на оваа моја колумна преработката “Бела чао” по нивно „Корона Чао“ навидум обичен препев но замислете со неверојатни 2,395,766 прегледи на “YouTube” од кои што само за еден ден беа приближно 1 милион прегледи.

Е сега тоа е и феноменот што го обработувам во приказнава, како е можно “YouTube” канал со 11,000 следбеници да има толкава гледаност без финансиски средства, бидејки песнава е нели чиста “натура” и светски прифатена ???

Погледнете ги на пример, сите видеа на Миленко Неделковски или на Васко Ефтов, и двајцата се со голема гледаност и најдете барем еден таков линк на емисија со гледаност од над 500.000 прегледи! Нема?!?!?! Епа нема!!!

На видеото – песната на Митевски и Спасов Дац не излегува дека е спонзорирана песна ниту пак додека тече видеото не ви дава додатни реклами што е неверојатен феномен за да има толку прегледи или можеби не е така? Сте слушнале ли за платената платформа Geoxis??? За појаснување, Geoxis е платформа со која за пари можете сами да си ја „подигнете до небо“ гледаноста и следбениците на YouTube: https://geoxis.co/tips-for-making-compelling-videos-on-you…/.

Точно е дека подигнување на гледаноста ќе ве чини едно огромно богатство, така на пример за 2 милиона прегледи најмалку 10.000 евра и тоа 3.000 евра платено на Geoxis за постигнување на гледаност, 5000 евра за музикантите и студиото и 2.000 евра за спонзорот или менторот? Сумата е приближно иста колку што државите треба да им платат на семејствата на починатите од Корона од оние 40.000 евра што СЗО им ги плаќа по починато лице да пријават дека починало од Корона вирусот, по принципот “ние направивме се за вас, ваше е само да умрете, а ние со песна ќе и кажеме на Короната, чао!”

Убеден сум и тврдам дека со 11,000 следбеници и не може да се постигне гледаност од 1 милион прегледи за еден ден, па би ги запрашал Митевски и Спасов Дац, дали „Корона Чао“ има толкава гледаност по природен или вештачки пат??? Сè си мислам дека е ова второто??! За платежниот капацитет на Спасов Дац и на Митевски нели се отвара и нова дилема за евентуална нивна инвестиција во толку превледи и каков повратен ефект би имале од тоа???

Ајде малку да образложиме – Знаејќи дека Александар Митевски е дипломиран новинар и до ден денес „работи“ во Дневник како дописник за музичка редакција но има и студио од кое сигурно заработува не случајно е дека токму тој Александар Митевски е одбран. Како македонски музичар сум го почитувал неговото дело сè до овој плагијат на песната „Бела Чао“ и не верувам дека е рандом направена бидејки еден професионалец не може да си дозволи таков гаф на плагијат во својата кариера, дотолку повеќе вештачки да го прави хит, исто така не верувам ниту дека од професионална гледна точка, спојката Митевски – Спасов Дац е случајна!!!

Јавно е позната блискоста на Митевски со Коста Петров пиарџијата на СДС особено конекцијата со песната на нашата “прауд” Тамара (онаа нели што “изеде” рефрен од химната на Македонија) кога не убедуваше дека е подобро да се оди на Евровизија, а не да се купат амбулантни возила, па ми стана чудно, зошто еден Спасов Дац не избрал некој друг пејач туку баш Александар Митевски или обратно Митевски и Спасов Дац можеби биле “д чоузен уан”?!?! Со ова се потврдува дека ништо не е случајно и дека преку шундот ни продаваат и ни креираат мислење како она со “прауд” така и ова со “короната” да ни стане певливо и блиско да се навикнеме да живееме со наметнатите вредности!!! А, да добро, метлата во рацете на Дац на еден митинг беше случајна и рандом??!

Сигурно се сеќавате на онаа сцена кога премиерот на Бугарија Бојко Борисов се возеше во својот автомобил околу возила со флешери, а внатре Борисов го снимаат камери, а тој баш тогаш ја слуша песната “Корона чао”??! Не верувам дека некое бугарско радио ја пуштило баш во тој момент и камерата баш во тој момент се вклучила. За некои нешта да бидат појасни не верувам дека Бојко Борисов песната на Митевски и Спасов Дац „случајно“ ја слуша!!! Се прашувам дали Заев по принципот на прислушкуваните разговори можеби му ја дал на наменски изрежано ЦД, а тој како во проектот „Вистината за Македонија“ наменски беше „сниман“ за да се подигне фамата околу песната, нејзината гледаност и секако да се потврдат „добрососедските“ односи помеѓу двата народи, кои во последно време се на релација „топло-ладно“ особено откако излезе содржината на срамниот договор за „добрососедство“ и кои се горчливи невистини Македонија треба да „ги голтне“ за да Бугарија не ја блокира Македонија на патот кон ЕУ?!?!?! Но ете со “Корона чао” прауд на северџанското му кажавме „чао“ на македонскиот јазик.

И одеднаш како порачан, по неколку дена Бојко на новинарско прашање одговори дека во Европа се работи по европски терк – што си потпишал – така и ќе биде!!! Мало сутра…што би рекол еден што со жица го баташе семето и племето!

Е сега, во професионалноста на Александар Митевски не се сомневам, човекот е музичар и тоа си го наплаќа бидејќи од тоа живее!!! Но, Драган Спасов Дац е актер, кој се докажа дека е поддржувач на политиките на СДС кога му даде метла на Заев за да го „измете“ шлајмот и неспособните од СДС, кое патем речено никогаш не се случи!!! Чисто за потсетување тоа е оној Спасов Дац кој го гледаме сниман на видеа како спие во кафани во алкохолизирана состојба! Да, оној Спасов Дац кој пред некое време удри девојка на пешачки премин во Кисела Вода и до ден денес не се знае дали се поведе постапка против него, но интересно е што ако се повела постапка не го дознавме јавно исходот од постапката, бидејки нели Спасов Дац беше и е јавна личност и доректор на МНТ??! И да, оној Дац кој на едно од видеата го гледаме со текстот во раката, како што и самите тврдат дека песната е настаната по природен пат, како и сите други песни, дека се рандом, значи дека и текстот од песната како автори на истоимениот текст би го знаел наизуст! Или не??!

Но, тоа да не ве чуди, еве ќе ви дадам еден податок кој е лесно првоерлив, откако се ќе заврши, одете на некоја претстава во која глуми Дац, ќе видите дека секогаш е со суфлер – така барем говори фелата за него! Дури понекогаш кога е тишина, ќе го слушнете суфлерот како му дофрлува реплики. Во песната нема суфлер но ете може и со лифче, онака природно!

Е па Господа Митевски и Спасов Дац, јас со мојата маленкост, Ве повикувам да ги негирате моите тврдења дека некој, а со голема веројатност некоја политичка партија или поединец ментор дебело платиле и спонзорирале да имате толкава гледаност на YouTube каналот и станете главни спин пиарџии во политички цели со извори од непознато потекло, па дури и Бојко Борисов го слуша вашиот ХИТ! Прашање е кој ги платил парите од каде му се, дали се пријавени, оданочени и дали смее да финансира вакви проекти пред нашиот “муљтикуљтурен и муљтиетнички народ” по принципот “един народ вв две држави”???

Демантот можете да го направите на два начина:

Првиот е, за да биде автентичен да пуштите “лајф стиминг” од вашиот админ YouTube канал сниман во живо за да види јавноста како ме демантирате, дека каналот не е спонзориран туку онака рендом си направил гледаност од над 2 милиони прегледи. Доколку ме демантирате и се увериме дека не е така, јас јавно ќе се извинам и ќе поверувам во вашата нели рандом приказна.

Вториот начин е да се самодемантирате и премолчите со што ќе сметам дека “Корона чао” е класичен пример на политичка корупција и злоупотреба на културата за перење мозоци на граѓаните, прикажување лажен рејтинг заради маркетинг на власта од најтежок вид особено начинот како се манипулира со јавноста и народните маси за постигнување на минимум позитивен пиар на фијаско четири годишно владеење на вашите политички ментори и секако најважно сметам дека во најмала мерка има основа за истрага за перење пари или незаконско финансирање!

Има и трет начин но за тој оставам да се консултирате со Миле Паника и Цацко и да направите чекор напреТ како што тие направија.

Инаку доколку после ова писание „решите“ да го угасите YouTube каналот, кој што по мое убедување е наменски отворен, само ќе ја потврдите мојата приказна, а бришењето нема многу да ви помогне бидејки ќе заглавите и со уништување докази за кои има начин како да се открие и да се „врати“ и „преиспита“ гледаноста на YouTube!!! А тогаш ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА КАЖЕТЕ КОЈ „ПЛАТИЛ“ ЗА ДА ИМАТЕ ТОЛКАВА ГЛЕДАНОСТ!!!

Во надеж дека за кратко време сами ќе ја обелодените оваа крими сторија, до тогаш Ве поздравувам!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

− 6 = 3