Политиката е статистика, статистиката е политика, а албанското малцинство страшен статистичко-политички фантом со реални последици

Политиката е статистика, статистиката е политика, а албанското малцинство страшен статистичко-политички фантом со реални последици.

Политиката е статистика, според логиката на Џафери, и аналогно би следело дека статистиката е политика, што лесно се потврдува врз основа на минатите искуства со статистичката пописна операција. Па со оглед на оваа логика и реалната општествено-политичка ситуација може слободно да се заклучи дека албанското малцинство е претворено во статистичко-политички фантом зад кој се крие актуелниот балкански терористички криминал.

Неколкукратниот дезертер, терористички водач, маратонец во молчење на говорница и маестрален узурпатор на собраниското прво столче, повторно блеска во полн сјај, нормално со асистенција на македонската предавничка елита организирана во двете, наводно различно а сепак исти, СДС и ДПНЕ.

Еве го образложението на командант Форина, изнесено пред тв камерите (https://youtu.be/5zUL-KaFceA):
„Ако побрзале СДС и ДПНЕ да се спротивстават на ваква идеја, и тоа на блок, минатото искуство го покажало спротивното така што во политиката никогаш немало никогаш. Политиката све да ти била статистика и број на она што е воља на граџаните, односно мнозинството граџани.“

Од овој кус видео исечок, освен терористичкото предефинирање на одредени општествено-научни дисциплини, на еден суптилен начин, присутна е и вонвременската закана со минати искуства кога македонскиот народ не ги исполнувал албанските желби. Тука веројатно Форина сака да нѐ потсети на насилното наметнување на волјата на криминалната албанска елита при узурпацијата на собраниското столче со асистенција од СДС, влегувањето на терористот во Генералштабот на Македонската армија, свесно и манипулативно наречена АРСМ со помош на ДПНЕ, но и на специјалната операција на НАТО силите 2001 година, кога од глутница криминалци направија борци за човекови права.

Но, никој не е идеален, па на толку блескави и ненадминливи бисери, Џафери направи и еден пропуст: на крајот си призна дека политиката би требало да биде број, односно статистички одраз на волјата на граѓаните. Токму тоа македонскиот народ и го бара овие 30 години, реалнен попис и спроведување на волјата на граѓаните изразена на двата референдуми како и спроведување на Уставот од 1991 и законите во истиот дух, а не оние донесени под закана на сила и надворешни притисоци.

Македонија на Македонците.


Боби Георгиевски
Преземено од: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=10158777464559260&id=513139259

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

− 6 = 2