Makedonija ASNOM

Македонија: Денот на ПОБЕДАТА

Има повеќе од еден ден победата. Првиот се случил на 7 мај 1945 со безусловната капитулација на нацистичка Германија (1). Втората и последна капитулација на завршниот текст се потпишува на 8 мај 1945 во вечерите часови, а официјална наредба за запирање на сите воени дејствија на силите под геманска команда бил издаден во 23:01 часот на 8 мај 1945 по средноевропско време.

Koга таа вест била пренесена во Москва поради часовната разлика веќе бил 9 мај 1945. Другата фактологија и историја е позната…

Македонија онаа нашата и Македонците во тоа бедно време 1944 успеале да соберат 116 делегати од сите краеви на етничка Македонија и да го организира првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на ден 2 август, ИЛИНДЕН во манастирот Св. Прохор Пчински, Кумановска околија, како круна на вековниот стремеж за слобода и сопствена држава. Веќе кон крајот на ноември 1944 самостојно без значително учество на натрапници однадвор во вид на стратешки сојузници и војски да се ослободи од бедата кон крајот на 1944. Добри шест месеци пред официјалниот крај на втората светска војна…

Македонија онаа нашата исто така на 8 септември 1991 гласаше за самостојна и суверена Република Македонија која како трн во око ги бодеше белосветските фашисти…

Истите тие фашисти, а во се помогнати преку политичките партии и сателити во системот (професори, судии, војска, полиција, црква) во Македонија се трудеа со сите средства да ја разнебитат Македонија и да го избришат АСНОМ.

Македонија и Македонците знаеја што ги очекува од еден е изборот и од воениот сојуз и не гласаа на референдумот за прифаќање на срамното предавство наречено преспански договор.

Одлуката дека решение за прифаќање на предавството преспански договор не е донесена е објавена во Службен весник на Република Македонија на 8 октомври 2018.

Се што се има случено потоа е чист фашизам!

Интересен е редоследот на некои настани….

1941 започнува втората светска војна,
1991 Македонците и Македонија гласаат на референдум за сопствена држава со вековно име Македонија.
2001 Успешен обид за бришење на АСНОМ и подривање на системот (Устав, закони, меѓународно право) на Република Македонија
2020 Веќе во извештаите на европската унија не постоиме како име на држава и како Македонци со Македонски јазик.

Бурните и судбоносни месеци за Македонија август и септември се пред нас, а еве и 2021 не е далеку.

Што ни преостанува?
Борба и во борба Македонски Народе, https://www.youtube.com/watch?v=iDeeg7LGa1Y&t=7s!

Честит Ден на Победата, Честит 9 мај. Во Ослободена Македонија ќе биде државен празник!



Редакцијата


  1. Hamilton, Charles (1996). Leaders & Personalities of the Third Reich, Vol. 2. San Jose, CA: R. James Bender Publishing. pp. 285, 286. ISBN978-0-912138-66-4.
  1.  Memorandum by the Working Security Committee, 3rd January 1944, Foreign Relations of the United States 1944, vol I, p. 101

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

− 1 = 3