Ифрит за ифтириите врз Македонија и Македонците!


Билјана Антоска Стојанов

Магистер по медицинска администрација и бизнис мениџмент во маркетинг и рекламна стратегија. Долгогодишен активист во Мелбурн, Австралија и борец за правата на Македонците во Австралија.

Долго време ги следам Цивил Медиа и никако не можам да разберам зошто луѓево бараат да владее едноумие во Македонија или нивна северџанистан. Пробуваат преку спроведување секакви мерки да воведат ограниченост на говор, цензура и контрола врз мисловниот процес на македонскиот народ, но не оној “слободарскиот”, “прогресивен” северџанистански, туку македонскиот народ со милениумски традиции, култура, историја.

Севезден не клеветат дека сме националисти. И што има лошо во тоа што сме националисти? Национализмот не е фашизам или баба Рога да не плашат со него. Доста го замајувате народот дека национализмот е фашизам и доста налагате испревртени глобалистички вредности. Напротив, национализмот е љубов кон себе си, кон народот свој, кон земјата своја а во исто време поштовање на сите други народи во светот со сите нивни карактеристики. Не ви ја разбирам поентата велите се борите за демократски вредности од една страна а цензурирате и напаѓате од друга. Многу загрижени вие за се? Не господа не сте загрижени, парите кои ви ги дава газдата ве прави загрижени. Читам ги обвинувате ВМРО ДПМНЕ, Левица и другите помали центар десни идеолошки партии за национализам а преку нив и целиот македонски народ. Не, овие не се националисти како што вие сакате да ги претставите, туку просто и едноставно љубовта кон татковината и својот род им се на едно многу повисоко ниво од вашето клиентелистичко потчинителство. Да потчинителство. Кога веќе сме на темата, Албанците се поголеми националисти од Македонците. И, тие не се борци за човекови права, туку националисти, шовинисти, фашисти. Не за џабе САД ги има прогласено за терористи. Па на Македонците ли им правеја амнестија за тероризам после конфликтот во 2001 или на Албанците? Самиот чин на прифаќање амнестија покажува пораз и е доказ дека се токму тоа за што ги обвиниле и амнестирале. Можете да негирате колку сакате, ова е историски факт.

Цивил Медиа исто објавува текст каде вели спремаат 104-ица набљудувачи за краткорочно време кои веќе ја завршиле обуката и 200 со стално работно време чија обука допрва ќе се спроведува за говор на омраза по социјалните мрежи. Сорос и Дип Стејтот на најјако инволвирани. Можете да го негирате и да прикажувате финансиски извештаи колку сакате. Преку нив само си го чистите задникот пред институциите, но не можете народ да замајувате.

Фотографиите кои одат заедно со текстот. Кликнете за да ги видите поголеми.

Исто во еден текст објавуваат и индиректно самите се издаваат дека поседуваат телефонски апарати (онакви какви поседува службата во МВР) кои го детектираат секој телефонски број. (Слика во продолжение) Нормални ли сте вие? Ако ова не е цензура, опресија и контрола врз мисловниот процес на луѓето тогаш не знам што е. И милион набљудувачи да ставите исто ви се фаќа. Не можете да ја контролирате потсвеста на народот. Потсвеста и чувствата се инстинкт. А тоа ниту една жива сила не може да го контролира па ниту вие. Не можете да го истренирате да мисли и да се чувствува поинаку посебно кога со тиранската платформа, добрососедскиот договор со Бугарија и преспанскиот договор со Грција не само што се чувствува туку е и свесен дека е разобличен, понижен, потценет, избришан од картата на светот односно извршен е геноцид врз него. Вашата поддршка, преку која е изразено вашето непоштовање кон македонскиот народ, не етникум, туку народ кој егзистира милениуми, вие самите си наведувате да бидете под разни атаци, презир и омраза. Никој не ви е виновен освен што би рекол Заев, алчноста ваша за пусти пари и фотељи. Вие само продолжете со вашите тактики на заплашување, цензурирање и опресија. Можете и сите Македонци да ги затворите по зандани но фактот дека сте поддржувачи на бришењето односно геноцидот врз македонскиот народ не може да се избрише. Ако не македонскиот народ, историјата ќе ви суди.

Меѓудругото Цивил Медиа Мк објавува текст каде Проф Мирјана Најчевска била жестоко нападната со говор на омраза на Твитер. Еве во прилог имате скрин шот од тоа како таа ги вреѓа нејзините соговорници. И што ја прашале дали била лезбејка! Што има лошо во тоа? Можела просто да одговори со “да” или “не” наместо да дига фама, Во македонскиот јазик ние немаме други зборови за педер и лезбејка. Геј не е македонски збор, англицизам е. А не и е прв пат на еминентнава професорка да излезе со испади кон народот македонски. Сите ние Македонците сме сведоци на многу нејзини погрдни напади. И не е само таа, туку има и многу други “видни” личности од левиот блок кои излегле со слични или поголеми погрдни атаци. Знаете при секоја акција има реакција основно правило во физиката. Не дека Њутон го измислил туку тоа е природен процес. Ако сите овие атаци се за да се поттикне причина за контранапади со цел да се врши поголема опресија како причина за сеење страв за поголема контрола врз народот тогаш не ви успева. Вие можете да продолжите со овие тактики но народот е свесен дека ви се само тактики на опресија и причина за контрола кои не можат да поминат неприметливо бидејќи инстинктот кај луѓето работи а тоа значи мислат, постојат. Народот не се зомби. Ниту се аморфна маса која вие можете да ја моделирате по ваша желба. Тие се живи битија со историја, култура и традиција милениуми долга и размислуваат со своја глава со сопствен мозок. За разлика од кодошите, шпиуните и клиентелистите, народот си е свој на своето. Никој до сега не успеал да поткупи цел еден народ. Ниту успеал да го трансформира во нешто што не е. Еволуцијата покажала дека човек се надградува и расти, историјата покажала дека човек може културолошки да подлегне разни влијанија но историски факт е дека јадрото на културата и традициите не се менува. Го знаете вие ова и многу ви смета па затоа сите овие опресии, притисоци, цензури и контрола.

Едно прашање до вас господа од Цивил Медиа зарем не е кривично дело и директно повикување на јавен линч објавувањето коментари на ваш медиум? Зарем тоа не поттикнување на говор на омраза? Зарем тоа не предизвикува нетолеранција помеѓу неистомислениците? Не продавајте чест таму каде што го нема. Таму каде и вашиот задник е премногу извалкан. Така не се игра таа игра.

Е па драги мои од Цивил Медиа вие само продолжете со вашето набљудување и кодошење на Македонци. Не заборавете постојат две варијанти или ќе го победите народот и ќе го претворите во аморфна маса која ќе можете да ја моделирате по нарачка на вашите газди или пак народот ќе ве победи вас и народниот суд на правдата ќе ви суди поединечно за сите сторени злодела врз Македонците и Македонија. И друго не заборавете предизвик или опонент ви е горд народ кој опстоил милениуми. Народ кој историски, културолошки и традиционално е тесно поврзан со Аминта, Филип, Александар, Самоил, Кирил и Методиј, Карпош, Илинденците, Ченто, Ацев, Кузман Јосифовски – Питу, Сирма Војвода и многу многу други кои своите животи гордо и достоинствено ги дале за слободна и независна цела Македонија. Народот своите маки и љубовта кон Македонија ги изразил преку својот фолклор и традиции. Не постои народ на светот која ја глорифицира својата земја низ фолклор и традиции колку Македонците. Не постои народ на светот кој толку многу ги опишал своите маки низ фолклор и традиции. Македонија и Македонците имаат историски континуитет со милениуми и покрај сите војни и окупации.

Запомнете Македонија и македонскиот народ се библиски земја и народ! Македонија е земја на сонцето! Колкаво е значењето на Македонија за Македонците вие никогаш нема да го разберете. Тоа чувство не се инсталира. Тоа е код кој секој Македонец го носи во своите гени.

П.С: После овој текст кој со сигурност знам ќе допре до вас можете да ме нарекувате националист, поттикнувач и ширач на говор на омраза може да ме нарекувате што сакате. Кодот Македонија кој е длабоко врежан во моите гени не можете да го уништите. Никаква цензура, никакви закани, никакви притисоци нема да ме поколебираат да престанам да си ја сакам Македонија и македонскиот народ и да се борам за наша правда и човекови права.

Македонија на Македонците!
Македонија вечна!

#НикогашСеверна #СамоМакедонија


Извор: https://www.facebook.com/100000533840580/posts/3564530416908051/


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

98 − = 92