‘Долу Бугарија’, ‘Горе Македонија’

The Thruth about Macedonia
Сцена од филмот Трето полувреме

Со години наназад, и до ден денеска, Бугарите постојано врескаат заради содржината на македонскиот филм „Трето полувреме“ чиешто дејствие се одвива за време на Втората светска војна.
Нон-стоп верглаат дека во него наводно биле прикажани лаги и измислици за случувањата на фудбалскиот меч меѓу тогашните тимови на бугарскиот „Левски“ и македонскиот „Македонија“.
Да не споменувам за нивната вечна мантра за тоа како наводно до 1944-45 година Македонците и Бугарите демек сме биле „един народ“?!?
Епа повелете дел од таен извештај од тогашниот бугарски ОКУПАТОРСКИ областен полициски началник Асен Богданов доставен до бугарската Дирекција на полицијата, Оддел за државна безбедност, Одделение „Б“ од 28 јануари, 1943 г. во кој началникот запишал:

„Кон крајот на март оваа година (се мисли на 1942, б.м.) во градот (Скопје, б.м.) се одржа меч за државно превенство меѓу тимовите на спортските клубови ‘Левски’ од Софија и тој на ‘Македонија’ од Скопје. Присуствуваа околу 6000 души гледачи, дваесет минути по почетокот на играта остварениот прв гол на играчите на Македонија не беше признат од судијата, што предизвика препукувања меѓу него и некои од играчите, а поголем дел од публиката започна да вика, надминувајќи се со навредливи изрази спрема судијата. Тоа автоматски се пренесе на целата публика, којашто извикуваше нечовечки викања, а некои од гледачите се беа снабдиле со дрвени клопотарци и ѕвечки што ги размавтуваа. Судијата беше принуден да го признае голот за да не се прекине играта и да ја успокои публиката. Гледачите сепак продолжуваа да дигаат врева и нанесуваат навреди кон играчите на ‘Левски’, некои од нив се обидоа да отидат и на игралиштето за да се нафрлат врз играчите и судијата. Кога падна вториот гол, даден од ‘Левски’, и не беше признат од играчите на Македонија, мечот беше прекинат. Оѕверена, публиката извикуваше најниски ругања кон софијанците, се слушаа викања ‘мајка бугарашка’, ‘Долу Бугарија’, ‘Горе Македонија’.
За време на играта некои од присутните дрнкаа ѕвонци над главите на чиновниците и другите лица што беа дојдени од старите предели (се мисли на Бугарија, б.м.) додека се мајтапеа и ги навредуваа на најразлични начини, и покрај нивното воздржано поведение. Таквите појави стигнаа дотаму што беа навредувани и бугарски офицери. Таквото држење на публиката беше констатирано и на првиот меч, сепак за време на вториот јасно се оцрта противбугарското настроение меѓу месното население (т.е. Македонците, б.м.) Во тие случаи средините настроени автономистички, имаа цеолосна можност јавно да ги манифестираат своите убедувања и омразата кон се’ бугарско, уште тогаш мнението на посериозните граѓани беше дека се’ што беше направено во продолжение на 11 месеци за припојување на месното население (т.е. Македонците, б.м.) дека ќе се разруши со еден замав на тој меч.“

Документален сборник „Българското управление във Македония, 1941-1944“, Държавна агенция Архиви, София, 2011, стр. 267.


Гоце Панговски
https://www.facebook.com/1492956396/posts/10224134076128311/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

+ 75 = 77