„Да живее слободна Македонија!“ – графит на куќа во Леринско, 1949 година, за време на Граѓанската војна во Грција

Грчки запис од 1949 година
како доказ за постоењето на Македонците како посебен етникум

Бесполезен е обидот на нашиот јужен сосед да докаже дека не сме различен етникум од грчкиот. Македонците отсекогаш биле Македонци, дури и пред постоењето на Грците кои низ историјата потрошиле премногу време за да искреираат заедничка историја и да созададат нација од племињата и полисите (градовите-држави) кои војувале меѓу себе.


За што станува збор?
Јасно е дека е фотографија која служи како документ во кој несомнено се спомнуваат графитите на грчки и на македонски јазик или како што стои на самата фотографија:

στα ελληνικά και στα μακεδονικά.

Еве го преводот на текстот од грчки на македонски:

1949, село Буковик (Оксиа), Лерин. Во позадината се гледа куќа со револуционерни слогани напишани на грчки и на македонски јазик. Слоганот на македонски повикува на обединување: „Да живее слободна Македонија во рамките на народна демократска Балканска федерација“.

The caption in the photo translated from Greek:

“1949, village of Bukovik (Oxya), Florina. In the background looks a building with revolutionary slogans written in Greek and in Macedonian. The slogan calls for unity saying: “Hurrah free Macedonia in the Democratic People’s Republic of Balkan Federation”.”


Ова е споменатиот слоган кој на самата фотографија доволно јасно се гледа.
Покрај останатите слогани испишани на грчки, слоганот на македонски јазик е најголем и најјасно се чита:

Да живее слободна Македонија во рамките на Народна Демократска Балканска федерација

По крајот на Балканските војни 1912-1913 Грција држи под окупација скоро 50% од територијата на Македонија (Егејска Македонија) прекршувајќи ги граѓанските права, правејќи етнички чистења и културна асимилација над домородното македонско население до ден денес.

Грција не го признава постоењето на Македонското малцинство и тврди дека Македонија е грчка, како и дека Македонците се Грци. Со ваквиот став ги крши основните човекови права за самоопределба.

Меѓународната заедница, иако свесна за ова етничко чистење кое трае повеќе од 100 години, е нема.

Македонците се самоорганизираат во Егејскиот дел на Македонија, говорат македонски, прават собири на кои се дружат и слушаат македонска музика и не се декларираат за Грци.


Извор: https://www.facebook.com/1VidiVidi/photos/a.492783317787850/1136663813399794/
како и наведениот на фотографијата: https://www.babylonia.gr/


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

33 − = 30