ГОВОР НА ОМРАЗА ИЛИ ЛИНЧ НА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ!?

Билјана Антоска Стојанов

Магистер по медицинска администрација и бизнис мениџмент во маркетинг и рекламна стратегија. Долгогодишен активист во Мелбурн, Австралија и борец за правата на Македонците во Австралија.

Еве уште едно од моите четива како што милуваат господата од Цивил Медиа да кажат но овој пат со осврт кон нивниот омилен предмет “говор на омраза”.

Помина предизборната кампања, поминаа изборите а Цивил Медиа продолжува со својата селективност кон “говорот на омраза”.

Што е “говор на омраза”?
Говор на омраза не постои. Терминот “говор на омраза” е фраза измислена од либерално прогресивниот свет со цел контрола и покажување моќ врз неистомислениците. Во светот постои слобода на говор и слободно изразување на чувства, прифатил некој или не. Сигурно јавни закани за смрт се неоправдиви и се казниви со закон, но секој е одговорен за своите зборови и за својот чин и затоа постојат институции кои кај нас одамна го изгубија својот кредибилитет благодарение на корумпираните политичари и преголемиот налив на пари од странски фондови во НВО. Цивил Медиа како НВО од невладиниот и граѓанскиот сектор ниту е институција, ниту има право јавно да објавува неистомисленици иако нивните мисија и визија се борба за човекови права и залагање за слобода на говор. Во случајов, за чии човекови права се залагаат? Одговорот е, за сите, освен за Македонците.

Дефиниција за говор на омраза во суштина не постои иако неколку глобалистички поданици напишале неколку испревртени зборови без никаква суштина со цел да го оправдаат парите кои глобалистичките монструми им ги платиле.

Во 2017 година под покровителство на Европската Комисија и ЕУ издаден е документ од 140 страни со дефиниции и регулативи за “говор за омраза” за земјите од југоисточен Балкан (линк: https://rm.coe.int/-/16808edc82 ) со наслов “Регулаторни Тела за Медиумите и Говор на Омраза”. Преку регулативи оваа брошура има за цел да ги контролира медиумите и да го насочува наративот кој тие го користат. За пародијата да биде уште поголема одродената илегална влада на тогашниот илегален премиер Зоран Заев го легализира “говорот на омраза”.

Според авторите не постои конкретна дефиниција за “говор на омраза”. Под точка 2 на страна 11 од публикацијата јасно пишува: “Правото на слобода на изразување е едно од најскапоцените човекови права, гарантирано со разни меѓународни конвенции за човекови права и со НАЦИОНАЛНИ устави”. Со други зборови ова значи медиумите пренесуваат информации за јавноста да знае.
Што значи ова за обичниот човек и за сопствениците на страни (pages) на социјалните мрежи кои Цивил Медиа ги има под надзор во континуитет и ги објавува на својот портал прекшувајќи го кодексот и Законот затоа што нивната намера не е информирање за јавноста да знае туку понижување и затишување на неистомисленици и оние кои се против насилната промена на името на Република Македонинија или како што е повеќе познато меѓу македониците, северџанистан. Ова значи дека секоја страна (page) во суштина претставува еден вид информативно катче и има право слободно да објавува секакви информации за ЈАВНОСТА ДА ЗНАЕ без да биде подлегната на некаков мониторинг од страна на било кој, а најмалку на НВО која се има само прогласено за “полицаец” и регулатор на слободното информирање.

Понатаму на истата страна во текстот јасно е запишано “правото на изразување на мислата денес е неизбежен политички принцип што теоретски повеќе не е спорен”. “Со оглед на тоа што претставува неразделиво и неотуѓиво право, тоа е директен израз на човековата личност, и според тоа не зависи од одобрението од државата”. “Истовремено тоа е едно од основните права на граѓаните, бидејќи без него нема демократија”. Што значи ова? Ова значи дека никој нема право да ја спори слободната мисла на изразување колку и таа да била неприфатлива за неистомислениците и дека секое оспорување на слободно изразување е казниво со закон. Е па господа од Цивил Медиа, кое право го имате вие да осудувате неистомисленици и да се повикувате на институциите да превземат нешто против нив? Немате никакво право. Тоа што сакате да воспоставите едноумие, да вршите цензура и да ги повикате вашите истомисленици да ги линчуваат неистомислениците не спаѓа во вашиот “говор на омраза”? Спаѓа, но вашите слепи следбеници нема да ја прочитаат оваа брошура затоа што се водени од испревртени и неморални вредности како алчност и виртуелен просперитет дека НАТО ќе ги брани а ЕУ ќе ги храни кои вие со години ги ширите без проблеми, без никој да ви се спротивстави и да ве повика на одговорност и да им се објасни реалноста на луѓето. Вие како НВО без надзор на државата лагодно ги користите странски фондови токму за наметнување едноумие, вршење опресија и цензура

Членот 10 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи и Членот 19 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права го гарантира правото на слобода за изразување – се вели во публикацијата. Господа од Цивил Медиа кој дел од овие членови не ви е јасен? Зошто нон стоп чувствувате потреба да цензурирате и да вршите опресија на неистомисленици? Можеби звучи како повторување, но овие прашања ќе ги повторувам и милион пати ако треба се додека не се разберете дека гневот кој го предизвикувате кај Македонците не може туку така да биде потиснат само затоа што ве платиле странски фондови да го вршите тоа. Македонците се мнозинство во државата Република Македонија, не северџанистан, и нивните права се подеднакво важни и вредносни како и правата на другите малцинства кои живеат во Македонија.

Слободното изразување сноси и свои обврски и одговорности. Да се навратиме малку хронолошки наназад и да ги видиме обврските и одговорностите на одредени личности и медиуми кои потфрлија во нивната слобода на изразување поради цензура и опресии.

– Ниту еден медиум, ниту една НВО не објави дека Зоран Заев изврши велепредавство согласно Законот на Република Македонија при прифаќањето на Тиранската Платформа. Напротив сите медиуми и НВО се замолчија и преминаа во наратив а лага дека таа не постои. Денеска гледаме насилно донесениот закон за јазици се спроведува на големо дури и во места каде не живее албанско малцинство, исто така помина без поголеми критики од медиумите и НВО поради цензурата и опресиите на слободата на говорот врз медиумите и заплашување на пошироките народни маси со заплашување и затворање на поединци неистомисленици.

– Ниту еден медиум, ниту една НВО не објави дека Зоран Заев изврши велепредавство согласно Законот на Република Македонија при потпишувањето на Добрососедскиот Договор со Бугарија. Заев буквално го предаде македонскиот народ, македонската историјата и јазикот македонски на бугарите.

– Ниту еден медиум, ниту една НВО не објави дека Зоран Заев изврши велепредавство согласно Законот на Република Македонија при потпишувањето на Преспанскиот Договор со Грција од страна на Димитров но по иницијатива на Заев. Заев преку овој договор им ја предаде антиката на грците и прекина континуитетот на македонската историја и им го даде ексклузивитетот на грците за користење на зборот Македонија, Македонци, Македонско.

Во сите овие велепредавства објективноста на новинарите изостана. Цензурата, опресијата, заканите, поткупот и приливот на пари од странските фондови си го направи своето и никој не ги држи за одговорни медиумите и НВО за нивната пристрасност и еднострано делување. Некој ќе рече ако беа објективни ќе се предизвикале општ неред и хаос во државата и ќе имаше последици по јавната безбедност и мир. А прикривањето и поддржувањето на велепредавство не е прекршување на закон? Зарем тоа не е соучество во велепредавство? Прикривањето и лажењето предизвикува поголем гнев отколку објективноста и транспарентноста.

Има уште многу да се пишува за злоделата, за опресиите и цензурата врз медиумите како и за нивната злоупотреба во креирањето на јавно мислење, но за крај само ќе потенцирам дека во Македонија никогаш немало толку многу опресија и цензура на слободата на изразување како во последниве три и кусур години односно од илегалното доаѓањето на власт на СДС/ДУИ. Народот никогаш толку не бил под опресија, цензура и не живеел во толку страв и не безбедност како сега. Можете да го оспорувате но тоа е факт и затоа неговиот гнев го изразува преку пишаниот збор. Да не заборавиме да напоменеме не само илегалната влада на СДС/ДУИ туку и останатите националистички албански политички субјекти не застануваат со провокации и омаловажување кон единствениот автохтон народ на овие простори, Македонците.

Е па господа како сте си надробиле така и ќе си сркате. Македонците нема да ги замолчите се додека правдата нема да биде истерана за секој еден Македонец а вие нема да не одговарате за вашето соучество во велепредавството, етноцидот и геноцидот кој го извршувате врз Македонија и Македонците. Нашата борба за право и правдини продолжува!

#МАКЕДОНИЈАнаМакедонците
#ДаЖивееМАКЕДОНИЈА
#МАКЕДОНИЈАВечна
#НикогашСеверна #СамоМакедонија


Извор: https://www.facebook.com/100000533840580/posts/3610351588992600/


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

+ 24 = 26