БОЈКОТ не е ЦЕЛ, туку СРЕДСТВО!


Олгица Н. Трајковска, Македонка
Повод: „Парламентарни избори, 2020“

Став
За Изборот на УПРАВНИЦИ
во Фашистичкиот ЛОГОР „Северна“,
основан за масовно, ГЕНОЦИДНО самоуништување на МАКЕДОНЦИТЕ, официјално заведени со ознака: „////“

        1. ПРОЕКТ ЗА ПРАВНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

           После неуспешниот обид, ПРОЕКТОТ да се реализира однадвор со ембарга, уцени и сл., се пристапи кон поефикасен метод на „рушење на тврдината од внатре“. Македонците САМИ над себе да си извршат ЕТНОЦИД, самоубиство! Во услови на фрустрации од наметната деморализација, понижувања, закани од кризи, манипулации и криминал, дезинтеграци и поделеност по сите основи, осиромашување… до степен на срам, пред сѐ, кај помладите, од воопшто спомнување од било што македонско, како нешто примитивно, националистичко, „небањато“…!
           После неуспешниот обид, ПРОЕКТОТ да се реализира однадвор со ембарга, уцени и сл., се пристапи кон поефикасен метод на „рушење на тврдината од внатре“. Македонците САМИ над себе да си извршат ЕТНОЦИД, самоубиство! Во услови на фрустрации од наметната деморализација, понижувања, закани од кризи, манипулации и криминал, дезинтеграци и поделеност по сите основи, осиромашување… до степен на срам, пред сѐ, кај помладите, од воопшто спомнување од било што македонско, како нешто примитивно, националистичко, „небањато“…!
           За остварување на ПРОЕКТОТ беа одбрани поединци и структури од криминалното досие на Државата – амнестирани, аболицирани, неосудени криминалци и нивни лукративни поддржувачи, кои, на криминален начин беа наметнати како власт. Беа превземени низа претходни активности и склучени/поддржани/донесени низа АНТИмакедонски договори, акти и прописи (Охридскиот, Пржинските, Бугарскиот, Тиранската, Двојазичниот и повеќе други), кои како придружни, треба(ше), формално да го реализираат ОБЕЗИМЕНУВАЊЕТО на сѐ македонско, децидно утврдено со Преспанскиот договор.
           Народот, во овие историски моменти, беше оставен сам од сите партии во власта, неорганизиран, шаштисан, изневерен, сиромашен, понижен! Грб му сврте и Црквата, приклонувајќи се на Бугарската.

        2. ИСТОРИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ од 2018

           Власта, арогантно, под мамка на Евроинтеграции, спроведе уставно и законски НЕДОЗВОЛИВ Референдум за прифаќање на ОБЕЗИМЕНУВАЊЕТО! Народот оцени дека пршањето е НЕДОЗВОЛИВО и со БОЈКОТ го осуди на НЕУСПЕХ!
           Македонците постојано, со децении и векови, истото го говорат… што го потврдија и на Референдумот од 2018:
           – Ние сме Македонци; Оваа Држава се вика „Македонија“, со официјално име, „Република Македонија“ заведени во ООН и утврдено со нејзиниот Устав; Не прифаќаме и не учествуваме во недозволиво изјаснување за промена на Името; Одбиваме учество во подмитување или трампа на Името за никакви интереси и цели, ниту за „Светите“ ЕУ и НАТО!
           Референдумот е најсилниот ПРАВЕН акт за обезбедување на КОНТИНУИТЕТОТ на македонското постоење, утврден преку најдемократската форма на непосредно, лично изјаснување на носителите на СУВЕРЕНИТЕТОТ на Македонската држава!
           Тој и формално-правно е БЕТОНИРАН од надлежен државен орган (ДИК) и објавен во „Сл. Весник на Република Македонија“!
           Судрени со тврдиот став на народот од Референдумот против промена на Името, реализаторите на Проектот прибегнаа кон негова РЕЛАТИВИЗАЦИЈА по пат на другите форми на НЕПОСРЕДНО изразување: на Избори, прво Претседателски, а сега и Парламентарни. Со низа местенки, манипулации, подметнувања и со помош на Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, успеаја да обезбедат цензус и устоличат однапред избран послушник за довршување на Проектот.

        3. ЦЕЛТА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

           Целта на Изборите е: МАСОВНОСТ, затоа што ќе значи прифаќање на Проектот, преку:
           – ЛЕГАЛНОСТА (демек се почитуваат пропишаните процедури)
           – Лажна слика на ДЕМОКРАТИЧНОСТ(учество и на наводната – „опозиција“)
           – ЛЕГИТИМНОСТА на Проектот (моралниот аспект)
           – Прифаќање на „РЕАЛНОСТА“ и релативизација на Референдумот
           – Доброволно прифаќање од страна на народот на ОДГОВОРНОСТА/ВИНАТА за сопсвеното исчезнување!
           Внимавајте!
           Значи, НЕ самиот избор, туку М А С О В Н О С Т А, е круцијално средство против Референдумот за остварување на Проектот!
           Со масовноста да се поништи Референдумот!
           А Изборите се токму мамецот за предизвикување на таа – масовност!

        4. КОЈА Е ПОНУДАТА НА ИЗБОРИТЕ?

           Имаме две понуди: 1. „ВМРО-ДПМНЕ“ и 2. Помали опозициски партии/движења/листи. („СДСМ“ не вреди ниту коментар!)
           – „ВМРО-ДПМНЕ“е неспорно – респектабилна сила, и според својата митска промакедонска компонента и поради својата масовност, која, реално е единствената што може, теоретски, да се спротивстави и да ја победи актуелната власт.
           Нејзини основни петна се: Апстиненција од сериозно спротивставување на политиката на Власта, пред сѐ околу Името и антимакедонските договори, затскриена, или поточно – разоткриена со самодефинирањето како „конструктивна опозиција“.
           Практично, со своето учество во процесите за реализација на Проектот, како „опозиција“, ја обезбеди сликата на „демократичност и транспарентност“, а со тоа и нивна легалност и легитимност (изјавата на Лидерот, по повод Рефендумот доволно кажува: „Кој сум јас да им кажувам на граѓаните како да гласаат?“); Отсуствува став/визија за Преспанскиот и Амандманите и др. акти во случај да ја освои власта. „Оправданието“ дека – не било тактички и мудро – отсега да ја откриваат стратегијата што би било на штета на рејтингот кај Западните газди, е несериозна: Како, оваа Партија, со најголема застапеност во Парламентот, којашто не примени „стратегија“ за с п р е ч у в а њ е на Обезименувањето, о т п о с л е ќе примени „стратегија“, што е далеку покомплицирано, особено во контекст на меѓународните услови; Не се ниту обиде да ги напушти парламентарните процедури, кои немаше да се извршат, или ќе го немаа неопходниот ЛЕГИТИМИТЕТ (злосторот ќе останеше само на конто на СДС!); Натаму, Партијата целосно се оглуши на очајните повиците од народот за протести против злосторот; Името никогаш не беше тема на нивните бројни настапи, критики, изјави; Воопшто, дизајнот на Партијата, Лидерот, раководството, изјавите, а веќе и проблематичниот состав на Листите… оддаваат слика на Партија која ја има напуштено својата ДЕКЛАРИРАНА – основна национална ПРОмакедонска ориентација; Иако Партијата располага со стручно членство не превзеде ниту една иницијатива за поништување на штетните акти, а некои и ги поддржа (Бугарскиот договор); Во содејство на ПРМ Иванов, кој го подлажуваше народот со јавни ветувања… тие, заедно, синхронизирано и недозволиво го амортизираа, разводнија, умртвија народниот отпор, предизвикувајќи чувство на безнадежност, разочараност, апатија…
           – ПОМАЛИТЕ опозициски партии, движења и сл., некои основани поодамна, а поголемиот број неодамна, упатуваат на следното: Некои се основани со чисти, искрени, патриотски побуди со верување дека, преку институционална борба, од внатре, од Парламентот, може да се изборат за Македонија…! Но некои се перфидно основани/инсталирани за да го апсорбираат разочараното членство од „СДСМ“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, заради обезбедување на погубната МАСОВНОСТ!
           Основаната слабост на овие политички никулци е нивната: Недоволната/нејасна профилираност; неподготвеност за обединување и заеднички настап како Трет блок; Отсуство од какво било заедничко делување во процедурална смисла за оспорување на Обезименувањето (илустративна е изјавата на еден лидер, дека постапка ќе превзел откако ќе добиел мандат?); Нереалните очекувања дека неколку мандати може НЕШТО да променат во зададениот „меин стим“ (на кој чекорат „СДСМ“/„ВМРО-ДПМНЕ“); Помирливо/понизно прифаќање на погубните услови за избори, кои однапред им оневозможуваат шанса; Занемарување на својот директен придонес во зголемување на излезноста што е на штета за Македонија и Македонците, настрана што тоа, дополнително, неминовно ќе доведе до нов бран разочарување кај народот и чувство на безнадежност!
           Ако се земат предвид и следните фактори:
           Правните основи кои, објективно го оневозможуваат нивниот успех: Изборите се во организација на криминалната, октроирана, ненародна власт; Изборниот модел и финансирањето на партиите целосно се на страната на „СДСМ“/„ВМРО-ДПМНЕ“; Инсталираното недемократско „Бадентерово“ мнозинство кое неминовно упатува на коалиции дури и на непринципиелна основа, а секогаш на штета на Македонските и државните интереси; Одложувањето правичен попис, (концепиран за дополнително бришење на Македонците); итн…
           … Тогаш, се поставува ПРАШАЊЕТО: Која е всушност целта на помаливе, однапред осудени на неуспех? Дали освојувањето на понекој мандат е поважно од РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ/погазување на Референдумот и втемелување на „Северната“? Или има и некои други затскриени, банални, лукративни интереси?

        5. ШТО БИ ЗНАЧЕЛО МАСОВНОТО УЧЕСТВО НА ИЗБОРИТЕ?

           Што, во вакви услови, би значело (масовното) учество на ПРВИВЕ парламентарни Избори на Северната, кога е сигурен изборот на „СДСМ“/„ВМРО-ДПМНЕ“ во коалиција со БЕСА/ДУИ и/или други?
           Точно е дека за овие Избори нема цензус. И со 100-мина гласачи изборот е легален. Но не е ЛЕГИТИМЕН! А тоа е Ахиловата пета не само на Изборите, туку и на Проектот! Без поширока народна поддршка, тој е спорен, кршлив! Само да се потсетиме на хорскиот повик од амбасадорите за „инклузивност“ и „легитимност“ на Изборите!
           Затоа што, со масовно гласање за органите на Севернта, практично – таа МАСОВНО се прифаќа!
           Внимавајте:
           Народот, со гласањето, на органите на Северната им го пренесува својот СУВЕРЕНИТЕТ да владеат и одлучуваат во негово име и за негова сметка. Со тоа, не им го пренесуваат само правното, туку и моралното ПРАВО да бидат ПРЕТСТАВНИЦИ на нивната волја, а всушност, непречено да ја продолжат агонијата до целосно реализирање на Антимакедонскиот Проект, како ТУЃА, наметната волја, спротивна на волјата од Референдумот.
           И внимавајте:
           Гласачот, не го пренесува својот суверенитет само на оној кого го заокружува на ливчето, туку подеднакво на СИТЕ избрани пратеници, дури и на оние што ги смета за тврди противници и ороводци на АНТИмакедонството! Против кои практично и зел учество во изборите – за да ги победи! Практично, наивно и лековерно ги ИЗГЛАСАЛ сите 120 пратеници! На СЕКОЈ од нив му пренел по 1/120-тина од својот суверенитет, дури и тогаш – кога неговиот избраник нема да добие мандат!
           И ова:
           Учество на Изборите значи перфидно ПРЕНЕСУВАЊЕ на ВИНАТА за Геноцидот над Македонците од НЕОФашистите и Изродите – НАМ, на живите Македонци! Да ја превземеме НИВНАТА вина за сопствениот Геноцид! Да бидеме идентитетски егзекутори и на сите умрени и сите неродени Македонци! За НИЕ, сега и овде, со гласањето – да им ја измиеме крвта од рацете!
           Но и ова: Зошто, после целата вложена енергија и средства, Креаторите/поддржувачите на Проектот, би ризикувале/допуштиле на власт во Севернава да дојде некоја ПРОМакедонска опција која би го срушила Проектот, токму пред неговото финализирање? Кога тие, постојано, нагледно и добро нѝ презентираат – на што сѐ се подготвени, кога се во прашање АНТИмакедонските планови!

        6. ЗОШТО БОЈКОТ и ШТО ПОТОА?

           Бојкотот не е цел, туку средство!
           Бојкотот сам по себе не е решение за поништување на Проектот, туку е легален и легитимен ПАТ, долг, трновит, сложен – за доаѓање до поништувањето! Можни се и други начини, но Македонците немаат ниту финансиски, организациони, логистички… ниту други услови за нив. Сами, изневерени, понижени, осиромашени, разединети, со нефункционални институции, со компромитирани политичари, без своја автентична национална, докажана и силна опозиција, без поддршка од надвор… нема услови ниту за државен удар, ниту за оружен бунт, ниту за дипломатски, научен и друг ефикасен притисок за спас на Македонството.
           Затоа, во постојните објективни и субјективни услови и можности, како и странските замешателства, се чини дека Бојкотот, ЗА СЕГА, е единствена оптимална опција, единсвеното легално оружје за искажување и сочувување релевантен ЗАЕДНИЧКИ народен СТАВ за ОТПОР!
           Бојкотот нема да ја врати Македонија и Македонците, но создава ПРОСТОР за сочувување НЕПРОМЕНЕТ и НЕПОТКУПЛИВ СТАВ на Македонците кон своето неприкосновено право на самобитност/самоидентификација и заштита. Во кој, постепено, упорно, трпеливо, чекор по чекор… СВЕСТА ќе ферментира и доведе до нужното ниво на организираност и дејствување!
           Дотогаш, секој Македонец сам, исправен пред својата свест и совест да го прави најдоброто за сочувување, ширење и пренесување на Македонството на идните генерации…
           ИСТОРИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ на БОЈКОТ за Македонија и Македонците е:
Сочувување на к о н т и н у и р а н и о т став искажан на Референдумот за непромена на Името и непризнавање на творбата „Северна“ насочена кон Македонското самоуништување! Да се забележи дека со сила и криминал можат формално, на хартија, да наметнуваат секакви злосторнички творби, да менуваат имиња и идентитети, да бришат народи и култури, јазик и историја, но народот НИМ не им го дава своето СУВЕРЕНО, НЕПРЕНОСЛИВО ПРАВО тоа да го прават во негово ИМЕ и на негова СМЕТКА! Дека не им е СОУЧЕСНИК во Проектот за сопствено УНИШТУВАЊЕ!
          Да, сметките, исправите, документите ќе бидат „Северни“, како поле на нивна насилна узурпација, но нашето право на своето Име и Суверенитет останува НАШЕ! Свесно, Неотстапено, Непренесено затоа што е НЕПРЕНОСЛИВО!
           Нека остане забележано во историјата дека – ИЗРОДИТЕ сами си го организираат и хранат МОНСТРУОЗНИОТ Логор за македонско самоуништување, без учество и согласност на Народот!
           Значењето на ПОСТОЈАН и МАСОВЕН Бојкот, е сериозен АРГУМЕТ за веќе поднесените иницијативи и за планираните нови правни постапки за оспорување/поништување на Обезименувањето на нацинално и меѓународно ниво.
           Постојаниот Бојкот и правните иницијативи се основа за претстојно организирање ИЗБОРИ за о р г а н и на Државата Македонија базирани на АСНОМските документи, Уставот и Референдумот од 1991. и на Референдумот од 2018., согласно праведни предуслови за фер и демократски избори!

***

           Бојкот ја има силата на народна волја ако е МАСОВЕН.
           Се апелира – СИТЕ Македонци, организации, партии, здруженија, правдољубиви сограѓани од која било припадност, за Првиве Парламентарни Избори на „Северната“, организирани од противуставната „Пржинска власт“, да искажат НАСУШНО потребен, МОРАЛЕН став од историско значење со Бојкот!

Гласањето е став ЗА „Северната“,
Бојкот е став ПРОТИВ „Северната“!
Бојкотот е ОБРАЗОТ на Македонија!
Бојкотот е СРЕДСТВО за одбрана на Македонија!

Колку сме, толку сме, токму сме*… Македонци сме!

                                                                                                     *(Г.Тодоровски)


Јуни, 2020


@OTrajkovska

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

− 2 = 6