И така во Македонија се живее 30 години, со „бам-бам, дагаууу“, со секакви шарлатани кои се претставуваат како политичари, бизМисмени, интелектуала…
Токму затоа Македонија 30 години ја јаваат секакви белосветски хохштаплери кои премногу се „грижат“ за Македонците, нивната посебност и среќа и ни ја кројат судбината според нивниот терк.
„А КОЈ ГО ТОА НАПРАВИ?”
Ние. Да, точно: ние сме најголемите виновници за тоа бидејќи не сакаме да излезезме од зоната на комфорот, не сакаме да ги изгубиме грчките плажи и оставаме други да решаваат за нас и нашата судбина.
Дали сме навистина толку неспособни да си ја средиме околината и општеството во кое што сакаме да живееме?! Не, не сме неспособни, мрзеливи сме и бессмислено се мразиме помеѓу себе: нетрпеливост која странците ја користат и со слатки, розови зборови, без да приметиме, го шират јазот помеѓу нас.
Никој не веруваше дека ќе се најде некоја будала како лицето со иницијали З.З. да го направи тоа што сеуште го прави. Ужасно злосторство!

Но, не мислете дека случајно е одбран. Точно е одбран по сите нишани на странците, точно знаат дека можат да сметаат на неговиот понизен и ретардиран ментален склоп, а тој јадниот мисли дека е почитуван само заради тоа што го тапкаат по рамо и му ракоплескаат.
Е сега, дали ќе дозволиме да продолжи агонијата или сами ќе се избориме за нашето, повторно останува на нас. Политичарите (шарлатани) како што гледаме не се потресуваат многу, но Македонците се во фаза на комплетно полудување.
Тоа им е и целта. Им треба таков несигурен и уплашен народ, за да можат да го контролираат затоа што кога човек е сигурен во себе не можеш да го манипулираш и контролираш.
Дневните вести се сведени на монти пајтоновска бурлеска, и да, и тоа е дел од планот на странците да ни „докажат“ дека ние не сме способни да изградиме држава, а не пак да ја сочуваме и негуваме. Па, од Македонските еднодневни вести како инспирација може да се сними една „династија на лудилото“ во 2000 епизоди!
30 години нѐ држат во страв од исчезнување, нѐ напаѓаат, нѐ негираат и тоа не било кој, туку „пријателите“, па и ни сервираат ликови како З.З. за одново да ни „покажат“ колку сме неспособни да се избориме за нашето.
На тој начин општеството ни го направија бам-бам дагаууу и трас-трас, со ликови кои од себе си прават будали, што никако не им го браниме, ама да дозволиме да нѐ поистоветуваат со нив? Токму тоа треба да го спречиме.
Не заборавајте: Македонија треба да нѝ е душата, без Македонија сме никој и ништо!
Редакцијата