There is a translation in English for this column published on our website on August 7, 2020.
Here is the link: The US Embassy sentenced Panchevski to prison?!?
Hay una traducción en ESPAÑOL de esta columna publicada en nuestro sitio web el 7 de agosto de 2020.
Aquí está el enlace: ¿La embajada de los Estados Unidos condenó a Panchevski a prisión?
Questa è una traduzione in italiano dalla colonna originale pubblicata sul nostro sito il 8 agosto 2020.
Ecco il link: L’ambasciata americana ha condannato Panchevski alla prigione?!?

5 август 2020
За да нѝ биде појасно на сите во каква корумпирана и правно дисторзирана (ова за да не употребиме правно нефункционална и уништена!) држава живееме, доволно ќе беше секој еден од нас да беше присутен на вчерашното судење на Владимир Панчевски кој беше осуден на 3 години и 6 месеци затвор за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Во обвинението стои дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година Панчевски влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите преку АКМИС системот за водење евиденција и распределба на случаите.
Како никогаш до сега, во судот во Велес имаше маратонско рочиште кое траеше скоро 12 часа, односно траеше и по истекот на редовното работно време на судот. Започна во 10 часот утрината кога Панчевски беше донесен со полициско комбе од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Тажно беше да се види што скоро и да немаше никаква поддршка, со исклучок на оние двајца Македонци кои со мали плакати го пречекаа и го следеа до влезот во судската зграда. Новинарски екипи беа присутни пред влезот на судот и направија видео записи.
Очебијно е дека според актуелните (а не валидните!) параметри во нашето судство е виновен поради неговото лично залагање како претседател на Основниот суд Скопје 1 (Кривичниот суд) за правилно функционирање и менаџирање на истиот во кој што секако спаѓа и АКМИС системот како дел од секојдневното работење. Јасно е дека некому сигурно му пречело што неговото чесно работење било цело време оценувано со највисоки оцени и од неговите колеги, и од судскиот совет, па пречката никако не е во неговата професионалност, туку во нешто што инсинуира и најцрни сценарија на можна инволвираност дури и на „звучни имиња“.
Од одбраната во која учествуваа не само адвокатите Петро Јанура и Горан Георгиев, туку и самиот Панчевски, истакнаа дека се работи за крајно тенденциозно и концентрирано обвинение на Обвинителството кое е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на мандатот на судијата во Основниот суд Скопје 1, особено што како основа е земен нарачан извештај од извршната власт, а тоа е извештај од Министерството за правда доставен до Основното јавно обвинителство во Скопје каде предметот е заведен по РО број, а не кривичен, а постапката на сослушување на сведоци и неговата е по РО број, а не кривичен.
Панчевски објасни која е причината што од самите одлуки произлегува потребата некои предмети да се делат на таков начин. Нема последица за кривично дело ниту пак постои потешка повреда на странките затоа што и не е возможна. Во АКМИС-от биле заведувани сите предмети и Панчевски никогаш не го повредил членот 6 од Законот за управување со предмети. Тој нагласи дека сите судии биле вклучени во предметите и одлично објасни од кои причини било така. Затоа и не се повторувал ниту еден судија кој постапувал во организиран криминал, а согласно годишниот распоред.
Адвокатот Јанура истакна дека тезата дека се повредени некои права на Основното јавно обвинителство не само што е неточна туку е и погрешна и не може да биде основ за кривично гонење. Панчевски не можел да делува врз судиите, а доколку тие сметале дека предметот бил доделуван на незаконски начин, тогаш имале законска обврска тоа да го спречат, да одбијат да постапуваат по предметот или да ги информираат надлежните институции. Но, Владимир Панчевски тоа го правел согласно Законот, па затоа и судиите ги прифатиле и ги воделе овие постапки на ваков начин. Од страна на обвинителството беа предочени 16-17 судии професионалци кои сеуште се судии, а некои се и назначени во повисоките судови и ако тие сметале дека распределбата на нивниот предмет е незаконска не би продолжиле со постапката.
Не треба да заборавиме дека беше сосема игнориран неговиот статус на судија затоа што со тоа му следи и судски имунитет кој никој не го почитуваше.
Пресудата беше напишана за 40-тина минути, искажана и судењето заврши околу 21:30ч.
Судијата Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес осуди невин, врвен професионалец и нејзин колега од кој што во иднина ќе треба да учи што значи да се биде вистински судија, да се остане истраен во име на правото и законот, да се има чест и достоинство, да се биде праведен, па ако сакате и – човек.
Панчевски беше испишан од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари околу 22:45ч.
*
Нашата порака до сите инволвирани во оваа хајка и исконструиран, непостоечки случај против Владимир Панчевски за кого ниту еден од неговите колеги никогаш се нема пожалено сѐ до моментот кога почнаа да се покренуваат обвиненија против него е:
Правда има и кога-тогаш, таа си го наоѓа патот заедно со вистината.
Јасно нѝ е како на Македонци дека сево ова време ви пречеше што наидовте на судија кој не е член на ниту една политичка партија, а е десно ориентиран, па така и не можевте да пронајдете модул според кој ќе го сместите во еден од калапите во кои функционира добар дел од политичката проституција во Македонија (секоја чест на исклучоците кои се бројат на пет, евентуално на десет прсти). Тој беше единствениот од еднаквите меѓу сите судии кој во својот кабинет освен второто официјално знаме на Република Македонија го чуваше и првото, она од кое ве фаќа страв, знамето со Македонското сонце на Филип II Македонски, зашто со него се идентификува секој Македонски патриот, секој Македонец кој никогаш нема да каже, а камо ли да прифати промена на име и тоа на нелигитимен начин, со нелегитимен спикер и во нелегитимно Собрание од учесници во пуч.
Македонскиот народ стои зад овој голем, праведен човек, кој не ви попушти ниту една педа и не се предаде. Во право е затоа што е праведен и чесен, Македонец, од оние вистинските, кои си ја сакаат Македонија и сопствениот Македонски народ.
Правда или нарачка во правосудниот систем? Доказ? Погледнете ја изјавата на Американската Амбасада на социјалната мрежа Twitter:
За помалку од 24 часа од изречената пресуда објавија поддршка за пресудата. Какво право има било која странска амбасада да дава поддршка или сопствено мислење за било кој судски процес во било која земја во светот? Ваквата постапка е брутално мешање во внатрешните работи на Република Македонија, односно во нејзиниот правосуден систем!
Дали послушноста на ВМРО-ДПМНЕ отиде толку далеку што мораше да го искористат судијата Панчевски како жртвено јагне?
Знаеме дека целта ви е да нѐ скршите, да ни всадите страв од кој ќе се парализира дури и нашата желба да се декларираме за Македонци, да не помислуваме ни да изустиме ‘МАКЕДОНИЈА’ поради реперкусиите кои може да следат, а тоа го демонстрирате на најбрутален начин кој евидентно станува сѐ полош како одминува времето.
Единствено што ќе успеете да направите е тоа што ќе си го навлечете гневот на Македонците кој ќе се претвори во проклетство против кое нема да може да се изборите: ние сме и секогаш ќе бидеме народот, Македонскиот, а вие сте и ќе останете да бидете угнетувачите на сопствениот народ за кои ќе се учи во историјата на човештвото како за предавници, тирани, деспоти, оние од кои сите се срамат и кои никој не ги сака, кои се ужасот на едно време и ќе бидат запишани на најтемните страници на Македонската историја.
#СлободаЗаПанчевски
#ПравдаЗаПанчевски
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија
Од редакцијата